1 ЛЕТОПИСИ 3
3
В. Давидово потомство
1Ова се Давидовите синови кои му се родија во Хеврон: првенецот Амнон од Езраелката Ахиноама, вториот Даниел од Карамилката Авигеја, 2третиот Авесалом, син на Мака, ќерка на Талјам, гесурски цар, четвртиот Адониј, син Агитин, 3петтиот Сефатиј од Авитала, шестиот Итрам од неговата жена Егла. 4Шест синови му се родија во Хеврон, каде царуваше седум години и шест месеци; а триесет и три години царуваше во Ерусалим. 5Овие синови му се родија во Ерусалим: Самај, Совав, Натан и Соломон; четворица од Вит-Савеа, ќерката Амилова. 6Евар, Елисам, Елифалет, 7Нога, Нефег, Јафиј, 8Елисам, Елијад, Елифелет, девет. 9Сите Давидови синови освен соложничките синови и нивната сестра Тамара.
10Соломонов син беше Ровоам, негов син Авниј, негов син Аса, негов син Јосафат, 11негов син Јорам, негов син Охозиј, негов син Јоса, 12негов син Амасиј, негов син Азариј, негов син Јотам, 13негов син Ахас, негов син Езекиј, негов син Манасиј, 14негов син Амон, негов син Јосиј. 15Јосиови синови беа: првенецот Јоанан, вториот Јоаким, третиот Седекиј, четвртиот Салум. 16Јоакимови синови беа: Јехониј, негов син, и Седекија, негов син. 17Син на Јехониј беше: Асир, Салатил негов син, 18Малхирам, Федај, Сенасар, Јекамиј, Осам и Недавиј. 19Фадееви синови беа: Зоровавел и Симеј; Зоровавелови синови: Месулам и Ананиј, и сестра им Селомета. 20Асува, Оел, Варахиј и Јуса-Весед, нив петмина. 21Ананиеви синови беа: Фелатиј и Јесај, Рефаеви синови, Арнанов син, Овадиев син, Сеханиев син. 22Сеханиеви синови беа: Сематиј, а Сематиеви синови беа: Хатус, Игеал, Вариј, Неариј и Сафат, шестмина. 23Неариеви синови беа: Елиоенај, Езекиј и Азрикам, тројца. 24Елиоенаеви синови беа: Одај, Елиасиф, Фелај, Акув, Јоанан, Далај и Анан, седуммина.
Селектирано:
1 ЛЕТОПИСИ 3: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.