Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЛЕТОПИСИ 26

26
5. Распределба на вратари
1Вратарски редови беа: Од Кореевците: Кореевиот син Меселимиј меѓу Асафовите синови; 2а Меселимиевите синови: првенецот Захариј, вториот Једијаил, третиот Зевадиј, четвртиот Јатнил, 3петтиот Ела, шестиот Јоанан, седмиот Елијоенај. 4Синови Овид-Едомови: првенецот Семај, вториот Јозавад, третиот Јоах, четвртиот Сахар, а петтиот Натанаил, 5шестиот Амил, седмиот Исахар, осмиот Феултај, зашто Го благослови Бог; 6а на неговиот син Семај му се родија синови, кои беа главатари во семејството, зашто беа храбри луѓе. 7Синови на Семај беа: Готни, Рафаил, Овид, Елзавад со своите браќа, храбри луѓе, Елиуј и Семахиј. 8Сите тие беа од Овид-Едомовите синови, тие и нивните синови и нивните браќа, храбри луѓе, способни за служба; беа шеесет и два од Овид-Едом. 9Меселимиеви синови и браќа, храбри луѓе, беа осумнаесет. 10Осини синови од Мерариевите синови: главатарот Симриј, иако не беше првенец, неговиот татко го постави за главатар; 11вториот Хелкиј, третиот Тевалиј, четвртиот Захариј; сите синови и браќа на Ос беа тринаесет.
12Ова се вратарските редови. Главатари на овие јунаци беа, како и нивните браќа, чувари во служба на Господовиот Дом. 13Фрлаа жрепки, најмалиот како и најголемиот, по семејствата за секоја врата. 14Жрепката на исток му падна на Селимиј; неговиот син Захариј беше мудар советник. Кога ги фрлија жрепките, му падна жрепката на север, 15на Овид-Едом на југ; а на неговите синови на ризницата; 16на Суфим и Ос на запад со Салехетската Врата, на патот што води кон нагорницата; стражата беше до стража. 17Од исток четири на ден, од југ четири на ден; а кај ризницата по двајца. 18На храмската приградба, од запад, четворица на нагорништето, двајца кај приградбата. 19Тоа се вратарските редови меѓу Кореевите и Мерариевите синови.
6. Левити задолжени за сокровиште
20Левити, нивни браќа, беа: Ахиј над ризницата на Божјиот Дом и над ризницата на посветените работи. 21Ладанови синови, Гирсоновци по Ладан, главатари на семејствата на Ладан Гирсоновецот, беа Ехиловците.
22Ехиловците Зетам и брат му Јоил беа настојатели над ризницата на Господовиот Дом. 23Од Амровците, од Исаровците, од Хевроновците и од Озиловците беа: 24Севуил, син на Мојсеевиот син Гирсон, надгледник над сокровиштето. 25Неговите браќа од Елиезер: Реавиј, син му, неговиот син Есаиј, неговиот син Јорам, неговиот син Зихриј, неговиот син Селомит. 26Тој Селомит со своите браќа беше одговорен за сето сокровиште на посветените работи, кои ги посвети царот Давид со семејните главатари, со стотниците и со воените заповедници. 27Посветија дел од воениот плен за да зајакне Господовиот Дом. 28Сѐ што беа посветиле гледачот Самоил, Кисовиот син Саул, Нировиот син Авенир и Серуиниот син Јоав, сѐ посветено, беше под надгледништво на Селомит и на неговите браќа.
7. Писари, судии и царски началници
29Исаровците Хенаниј и неговите синови беа над светските работи како надгледувачи и судии во Израел. 30Хевроновците Асавиј и неговите браќа, илјада и седум стотини храбри луѓе, управуваа со Израел од оваа страна на Јордан кон запад во секоја Господова работа и во царската служба. 31Главатар на Хевроновците беше Јериј. Во четириесеттата година на Давидовото царување ги побараа семејните родословија на Хевроновците, и се најдоа меѓу нив храбри луѓе во Галадскиот Јазир. 32Неговите браќа, храбри луге, беа две илјади и седум стотини семејни главатари; цар Давид ги постави над Рувимовото и над Гадовото племе и над половината Манасиево племе за сите Божји дела и за царските дела.

Селектирано:

1 ЛЕТОПИСИ 26: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се