Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЛЕТОПИСИ 24

24
3. Распределување на свештеници
1Ароновите синови имаа свои редови, Аронови синови беа: Надав, Авијуд, Елеазар и Итамар. 2Но Надав и Авијуд умреа пред таткото и немаа деца; затоа свештеничката служба ја вршеа Елеазар и Итамар. 3Давид ги подели на редови нив и Садок, од Елеазаровите синови, и Ахимелех, од Итамаровите синови, според нивниот ред во нивната служба. 4Ама меѓу Елеазаровите синови се најдоа повеќе машки главатари отколку меѓу Итамаровите синови, па кога ги поделија, од Елеазаровите синови беа шеснаесет семејни главатари, а од Итамаровите синови само осум семејни главатари. 5Затоа ги поделија со жрепки, едните и другите, зашто посветените кнезови и Божјите кнезови беа и од Елеазаровите синови и од Итамаровите синови. 6Ги запиша Натанаиловиот син Семај, писар од Левиевото племе, пред царот, пред кнезовите, пред свештеникот Садок, пред Авијатаровиот син Ахимелех, пред главатарите на семејствата сред свештениците и левитите, земајќи по едно семејство за Елеазар, а пак по едно за Итамар.
7Првата жрепка падна на Јојарив, втората на Једај, 8третата на Харим, четвртата на Сеорим, 9петтата на Малхиј, шестата на Мејамин, 10седмата на Акос, осмата на Авиј, 11деветтата на Исуј, десеттата на Сеханиј, 12единаесеттата на Елијасив, дванаесеттата на Јаким, 13тринаесеттата на Уфа, четиринаесеттата на Есевав, 14петнаесеттата на Вилга, шеснаесеттата на Имир, 15седумнаесеттата на Езир, осумнаесеттата на Афисис, 16деветнаесеттата на Петај, дваесеттата на Езекил, 17дваесет и првата на Јахин, дваесет и втората на Гамул, 18дваесет и третата на Делај, дваесет и четвртата на Мазиј. 19Тоа е нивниот ред во службата по кој треба да одат во Господовиот Дом, според своето правило, примено од татка им Арон, како што му заповеда Господ, Израелевиот Бог.
20Од другите левиеви синови од Амрамовите синови беше Суваил; од Суваиловите синови Једај; 21од Реавиј, од Реавиевите синови главатарот Есиј; 22од Исаровците Селомот; од Селомотовите синови Јат. 23Ериниите синови: втор Амариј, трет Јазил, четвртиот Јекамеам. 24Од Узиловите синови Миха; од Михините синови Самир. 25Михиниот брат Есиј; од Есиевите синови Захариј; 26Мерариеви синови: Малиј и Мусиј: синови на Јазиј; Вено. 27Мерариеви синови од Јазиј, неговиот син: Соам, Захур и Ивриј; 28од Малија Елеазар, кој немаше деца; 29од Кис, Кисови синови, Ерамеил. 30Мусиеви синови: Малиј, Едер и Јеремот. Тоа беа левитските синови според своите семејства. 31И тие фрлаа жрепки како и нивните роднини, Ароновите синови, пред царот Давид, пред Садок, пред Ахимелех и пред семејните главатари, сред свештениците и левитите, и тоа еднакво главатарот на семејството како и неговиот најмал брат.

Селектирано:

1 ЛЕТОПИСИ 24: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се