Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЛЕТОПИСИ 22

22
1Затоа Давид рече: „Ова е Домот на Господа и ова е жртвеник за паленици на Израел!“
Е. Давидови подготовки за изградба на Храм
1. Прибирање на градежни неопходности
2Давид заповеда да се соберат странците, кои беа во Израелската Земја и одреди каменоресци, за да делкаат прописно камења за изградбата на Божјиот Дом. 3Давид приготви многу железо за клинци на крилата на вратите и за рачките; и без мера многу бронза. 4Многу кедровина, зашто Сидонците и Тирците му довезуваа многу кедрови дрва на Давида. 5Зашто Давид мислеше: „Мојот син Соломон е млад и нежен, а Домот што треба да Му биде изграден на Господа треба да биде величествен, за слава и чест по сите земји. Ајде да му подготвам се.“ И Давид подготви многу нешта пред својата смрт.
2. Давид го советува Соломона
6Потоа го повика синот Соломон и му заповеда да Му изгради Дом на Господа, на Израелевиот Бог. 7Уште Давид му рече на Соломона: „Сине! Посакав во своето срце да Му изградам Дом на Името на Господа, својот Бог. 8Но ми дојде Господовото слово: „Многу крв пролеа и водеше големи војни; не ќе Му изградиш ти Дом на Моето Име; зашто пролеа многу крв на земјата пред Мене. 9Ете, ќе ти се роди син; тој ќе биде мирољубец, и ќе му дадам мир од сите негови непријатели отсекаде наоколу; името ќе му биде Соломон. Ќе му дадам мир и тишина на Израел во негово време. 10Тој ќе Му изгради Дом на Моето Име, тој ќе Ми биде син, а Јас ќе му бидам Татко нему, и ќе го утврдам неговиот царски престол над Израел довека.“ 11Сега, сине мој, Господ нека биде со тебе за да успееш за да Му изградиш Дом на Господа, својот Бог, како што рече за тебе. 12Само Господ нека ти даде разум и мудрост кога ќе те постави над Израел, затоа да го пазиш Законот на Господа, својот Бог! 13Ќе бидеш среќен ако ги вршиш внимателно одредбите и законите кои Господ му ги даде на Израел преку Мојсеја. Биди мажествен и храбар, не бој се и не плаши се! 14Еве, јас при мојата скудност подготвив за Господовиот Дом сто илјади златни таланти, и илјада илјади сребрени таланти, а бронза и железо без мера, зашто го има толку многу. Подготвив и дрва и камења, а и ти додај нешто кон тоа. 15Имаш многу добри работници, каменоресци, ѕидари, дрводелци и секакви вештаци во секое умеење; 16златото, среброто, бронзата и железото немаат мера; и така, оди и гради, и Господ нека биде со тебе!“
3. Обврзување на кнезови да му помагаат на Соломона
17Тогаш Давид им заповеда на сите израелски кнезови да му помагаат на неговиот син Соломон: 18“Не е ли со вас Господ, вашиот Бог, Кој ви даде мир отсекаде наоколу, зашто ги предаде во мои раце жителите на оваа земја, и земјата е покорена пред Господа и пред Неговиот народ. 19И така, сега дајте со своето срце и со својата душа да Го барате Господа, својот Бог; одете и градете Му Светилиште на Господа Бога, внесете го Ковчегот на Господовиот Завет и светите Божји посатки во Домот што ќе Му биде изграден на Господовото Име.“

Селектирано:

1 ЛЕТОПИСИ 22: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност