Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 ЛЕТОПИСИ 11

11
Б. Давидово зацарување над цел Израел
1. Преземање на Ерусалим
1Тогаш сите Израелци се собраа кај Давида во Хеврон и рекоа: „Еве, ние сме од твојата коска и од твоето месо. 2Уште порано, додека Саул беше цар, ти управуваше со сите движења на Израел; Господ, твојот Бог, ти рече: ‘Ти ќе го пасеш Мојот Израелски народ, и ти ќе бидеш водач над Мојот народ Израел.’“ 3Така дојдоа сите израелеви старешини кај царот во Хеврон, а царот Давид склучи со нив сојуз во Хеврон пред Господа, и го помазаа Давида за цар над Израел, како што Господ му имаше речено на Самоила. 4Тогаш Давид отиде со сите Израелци во Ерусалим, а тоа е Евус, зашто таму беа Евусејците и живееја во онаа земја. 5Но Евусејците му порачаа на Давида: „Не ќе влезеш ваму!“ Сепак Давид ја освои Сионската Тврдина, односно Давидовиот Град. 6Зашто Давид рече: „Кој прв ќе ги порази Евусејците, ќе биде врховен началник и кнез.“ Прв се искачи Серуиниот син Јоав и стана началник. 7Тогаш Давид се насели во таа тврдина; затоа ја нарекоа Давидов Град. 8Тогаш го изгради градот наоколу, од Милон до оградата, а Јоав го обнови другиот дел на градот. 9Давид стануваше сѐ посилен, зашто Господ над Војските беше со него.
2. Давидови другари и соборци
10Еве ги началниците на Давидовите јунаци кои работеа јуначки покрај него за неговото царство со сиот Израел за да го зацарат, според Господовото слово, над Израел. 11Еве го пописот на Давидовите јунаци: Ахмониевиот син Јасовеам, главатар на триесетмина; тој замавна со своето копје на триста и ги погуби одеднаш.
12По него Додовиот син Елеазар, Ахошанец, еден од трите јунаци. Тој беше со Давида во Фас-Дамим, кога Филистејците се собраа за бој, а таму имаше поле полно со јачмен; кога народот почна да бега пред Филистејците, 14тие застанаа сред тоа поле и го одбранија истепувајќи ги Филистејците. Така Господ им даде голема победа.
15Тројца од тие триесетмина еднаш слегоа до стената кај Давида во Одаламската Пештера, кога филистејските чети стоеја во Рафајската Долина. 16Тогаш Давид беше во своето укрепено место, а филистејската посада тогаш беше во Витлеем. 17Давид посака: „О кога некој би ме напил вода од Витлеемскиот Кладенец што е кај вратата!“ 18Тогаш тие тројца продреа низ филистејскиот логор и, откако нацрпија вода од Витлеемскиот Кладенец, му ја донесоа и му ја дадоа на Давида. Но Давид не сакаше да пие, туку ја истури како налевница за Господа 19говорејќи: „Да не ми даде мојот Бог да го направам тоа! Зар да ја пијам крвта на овие луѓе? Та изложувајќи го животот на смрт, донесоа вода.“ И не сакаше да пие. Ете тоа го направија тие тројца јунаци. 20Ависеј, братот Јоавов, беше началник над триесетмина; тој замавнуваше со копје против триста, ги погуби и се прослави меѓу тројцата. 21Беше меѓу тројцата повиден од другите двајца, и им беше началник, ама не ги достигна првите тројца. 22Венај син Јодаев, јунак од Кавсеил, богат со јуначки дела, ги уби двата сина на Ариел од Моав; тој во еден снежен ден слезе и уби лав сред јама. 23Уби и некој Египетец, човек од пет лакти. Египетецот во раката имаше копје како ткајачко вратило, а тој излезе пред него со стап и, откако му го истрга на Египетецот копјето од раката, го уби со неговото копје. 24Тоа го направи Јодаевиот син Венај и се прослави со името меѓу оние тројца јунаци. 25Беше најпрочуен меѓу триесетмината, но не ги достаса оние тројца. Давид го постави за заповедник на своите телохранители. 26Храбри јунаци беа: Јоавовиот брат Асаил, Додовиот син Елханан од Витлеем, 27Арорецот Самот, Фелонецот Хелис; 28Икисовиот син Ира, Текоец, Анатотецот Авиезер; 29Хусецот Сивехај, Илај Ахохецот; 30Марај Нетофатецот, Ваниниот син Хелед, Нетофатец; 31Риваевиот син Итај од Гаваја на Венијаминовите синови, Венај Фаратонецот; 32Урај од Гаските Потоци, Авил Варумецот, Елијав Салвонецот. 34Синови на Асим Гизонецот: Сагиниот син Јонатан, Арарец; Сахаровиот син Ахијам, Арарец, Уровиот син Елифал; 36Ефер Мехирецот, Ахиј Фелонецот; 37Есро Кармилецот, Есваевиот син Нарај; 38Натановиот брат Јоил, Агиревиот син Мивар; 39Амонецот Селек, Виротецот Нарај, штитоносец на Серуиниот син Јовав; 40Ира Јетерецот, Гарив Јетерецот; 41Хетеецот Уриј, Алаевиот син Завад; 42Сизиниот син Адина, Рувимец, началник на Рувимовото племе, и триесетмина со него. 43Мехиниот син Анан и Јосафат Митнеецот. 44Озиј Астеротецот, Сама и Ехил синови на Ароирецот Хотан; 45Симриевиот син Едијаил и брат му Јоха Тисецот. 46Махавецот Елил и Елнамовите синови Еривај и Осавиј и Моавецот Етем; 47Елил, и Овид и Месовеецот Јасил.

Селектирано:

1 ЛЕТОПИСИ 11: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се