Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 3

3
ГЛАВА 3
1И пак влезе во синагогата, а таму имаше еден човек со исушена рака.
2И внимаваа на Него, дали ќе го исцели во сабота, за да Го обвинат.
3А Он му рече на човекот со исушената рака: – Застани насреде!
4Ним, пак, им кажа: – Во сабота дозволено ли е да прави човек добро, или зло? Да спаси една душа, или да ја погуби? Но тие молчеа.
5Па, кога ги изгледа со гнев, бидејќи му беше тешко поради нивните скаменети срца, му рече на човекот: – Протегни ја раката своја! И ја протегна, и таа му стана здрава, како и другата.
Крај на саботата
(Зачало 11)
6Фарисеите, штом излегоа, веднаш се собраа со иродовците на совет против Него,#Понеделник од 13-та седмица по Педесетница: Во она време, фарисеите, штом излегоа, веднаш се собраа со иродовците на совет против Исуса, како да Го погубат.
7Исус, пак, отиде со Своите ученици кон морето, и по Него одеше многу народ од Галилеја, и од Јудеја,
8и од Ерусалим, и од Идумеја и оданде Јордан. Па и од Тир и Сидон, откако чуја какви дела правеше, во голем број дојдоа кај Него.
9И им порача на учениците Свои да Му подготват кораб, поради народот, за да не Му додева;
10зашто мнозина беше излекувал, така што, сите, кои беа болни, навалуваа на Него, за да се допрат до Него.
11И нечистите духови, штом ќе Го видеа, паѓаа пред Него, викаа и говореа: – Ти си Син Божји!
12Но Он строго им забрануваше да разгласуваат за Него.
Крај на понеделникот
(Зачало 12)
13Потоа, се искачи#Вторник од 13-та седмица по Педесетница: Во она време, се искачи Исус на гората и ги повика при Себе оние коишто Самиот сакаше, и тие дојдоа при Него.
14И избра дванаесетмина да бидат со Него, и да ги испраќа да проповедаат;
15и да имаат власт да лекуваат болести и да изгонуваат бесови;
16првиот Симон, кого што го нарече Петар;
17па Јаков Заведеев и брат му Јован, на кои им даде име Воанергес, што значи: синови на громовите;
18потоа Андреј, Филип, Вартоломеј, Матеј, Тома, Јаков Алфеев, Тадеј, Симон Кананит
19и Јуда Искариот, којшто и Го предаде.
Крај на вторникот
(Зачало 13)
20Идојдоа#Среда од 13-та седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус во една куќа; и повторно се собра народ, така што тие не можеа ни леб да јадат.
21И кога чуја Неговите домашни, отидоа да Го приберат, оти се говореше дека не бил на Себеси.
22А книжниците, што беа слегнале од Ерусалим, велеа дека во Него е Велзевул и дека бесовите ги истерува со силата на кнезот на бесовите.
23И кога ги повика, им говореше во параболи: – Како може сатаната да изгонува сатана?
24Ако едно царство се раздели на делови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи;
25и, ако еден дом се раздели на делови, еден против друг, тој дом не може да опстане;
26ако и сатаната се дигнал против себеси, и се разделил, не ќе може да се одржи: му дошол крајот и нему.
27Никој не може, кога ќе влезе во куќата на силен човек, да му ја ограби покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот; и тогаш му ја зема покуќнината.
Крај на средата
(Зачало 14)
28В истина,#Четврток од 13-та седмица по Педесетница: Рече Господ: Вистина ви велам: на човечките синови ќе им се простат сите гревови и хули, какви и да бидат;
29ама, кој ќе похули на Светиот Дух, нему нема да му се прости никогаш, а ќе биде виновен пред Вечниот суд.
30Тоа го рече, оти велеа: – Нечист дух е во Него.
31И дојдоа мајка Му и браќата Негови и, стоејќи надвор, порачаа да Го викнат.
32А околу Него седеше народ. И Му рекоа: – Ете, мајка Ти, и браќата Твои, и сестрите Твои, надвор се и Те бараат.
33А Он им одговори, велејќи: – Која е Мојата мајка, или кои се браќата Мои?
34Па, откако ги погледна оние што седеа околу Него, рече: – Еве ги Мојата мајка и Моите браќа.
35Зашто оној што ја исполнува волјата Божја, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.
Крај на четвртокот

Селектирано:

Марко 3: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се