Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Марко 1

1
ГЛАВА 1
(Зачало 1)
1Пbочеток#Недела пред Просвештение: Почеток (Ова и на третиот час, спроти Богојавление). од Евангелието на Исуса Христа, Синот Божји,
2како што е напишано кај пророците: „Ете, Јас го испраќам пред лицето Твое Мојот ангел, којшто ќе го подготви Твојот пат пред Тебе“.
3„Гласот на оној што вика во пустината: – Подгответе го патот Господов, и исправете ги патеките Негови“.
4Се јави Јован, крштевајќи во пустината, и проповедаше покајно крштение, за прошка на гревовите.
5И излегуваа при него од сиот Јудејски крај и од Ерусалим, и сите се крштеваа од него во реката Јордан, исповедувајќи ги своите гревови.
6А Јован носеше облека од камилски влакна и појас од кожа околу половината своја, и јадеше скакулци и див мед.
7И проповедаше, велејќи: – По мене доаѓа посилниот од мене, на Кого не сум достоен да се наведнам и да Му ги одврзам ремењето од обувките Негови;
8јас ве крстив со вода, а Он ќе ве крсти со Духот Свети.
Крај на неделата и на третиот час.
(Зачало 2)
9И во оние дни, дојде Исус#Понеделник од 12-та седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус (Ова и на шестиот час спроти Богојавление; и на Богојавление, на утрената) од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан.
10И кога излегуваше од водата, наеднаш виде како се отворија небесата, и Духот, во вид на гулаб, слегуваше над Него.
11И се чу глас од небесата: – Ти си Мојот возљубен Син, Кој е според Мојата волја.
Крај на Богојавление, на утрената
12Веднаш потоа, Духот Го изведе во пустината.
13И беше таму, во пустината, четириесет дни, искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеа.
14А потоа, кога Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и го проповедаше Евангелието на царството Божјо,
15и велеше: – Времето се исполни и царството Божјо наближи; покајте се и верувајте во Евангелието.
Крај на понеделникот и на шестиот час
(Зачало 3)
16И одејќи#Вторник од 12-та седмица по Педесетница: Во она време, одејќи Исус покрај Галилејското Море, го виде Симона и брата му Андреја, како фрлаат мрежа во морето, зашто беа рибари.
17Исус им рече: – Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе!
18И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него.
19Па штом одмина малку, го виде Јакова Заведеев и брата му Јована, исто така во кораб, како ги крпат мрежите свои;
20и веднаш ги повика. И тие, оставајќи го татка си Заведеја во коработ со наемниците, тргнаа по Него.
21И дојдоа во Капернаум; и веднаш во саботата, влезе Он во синагогата и поучуваше.
22И се чудеа на Неговата поука, оти Он ги учеше како Оној што има власт, а не како книжниците.
Крај на вторникот
(Зачало 4)
23И маше во синагогата нивна човек#Среда од 12-та седмица по Педесетница: Во она време, имаше во синагогата јудејска човек со нечист дух, и извика, говорејќи:
24– О, што имаш Ти со нас, Исусе Назарејче! Си дошол ли да нѐ погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!
25Но Исус му забрани, велејќи: – Молкни и излези од него!
26Тогаш нечистиот дух го стресе, па извика со висок глас и излезе од него.
27И сите се стресоа од ужас, така што, еден со друг се прашуваа и велеа: – Што е ова? И какво е ова ново учење, та со власт и на нечистите духови им заповеда, и тие Му се покоруваат.
28И наеднаш се разнесе глас за Него по целиот крај галилејски.
Крај на средата
(Зачало 5)
29Па откако излегоа од синагогата, дојдоа#Четврток од 12-та седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус со Јакова и Јована во куќата на Симона и Андреја.
30А тешта му на Симона лежеше од треска; и веднаш Му јавија за неа.
31И кога пристапи, ја фати за рака и ја подигна; и треската веднаш ја остави; и таа стана и им служеше.
32А приквечер, кога заоѓаше сонцето, носеа при Него секакви болни и бесни.
33И целиот град беше се собрал пред портата.
34И излекува мнозина што страдаа од разни болести; истера многу бесови, и не дозволуваше бесовите да говорат, дека знаат оти Он е Христос.
(Зачало 6)
35Аутрината, во темни зори, стана, излезе и отиде во#Сабота втора на Вел. пост: Во она време, отиде Исус во пусто место, и таму се молеше.
Крај на четвртокот
36А Симон, и оние што беа со Него, поитаа по Него;
37па кога Го најдоа, Му рекоа: – Сите Те бараат.
38Он им рече: – Да појдеме до блиските села и градови, и таму да проповедам, бидејќи затоа сум излегол.
39И проповедаше во нивните синагоги, по цела Галилеја и изгонуваше бесови.
40И дојде при Него еден лепрозен, па, молејќи Го, падна пред Него на колена и Му рече: – Ако сакаш, можеш да ме очистиш.
41А Исус, кога се смили, протегна рака, се допре до него и му рече: – Сакам, очисти се!
42И штом го рече тоа, се изгуби лепрата од него, и тој стана чист;
43па откако му заповеда, веднаш го испрати.
44И му рече: – Гледај, никому ништо не кажувај; но оди, покажи му се на свештеникот и принеси дар за твоето очистување, како што заповедал Мојсеј, ним за сведоштво.
Крај на саботата
45А тој, штом излезе, почна да раскажува многу и да разгласува, така што Исус не можеше јавно да влезе во градот, а се наоѓаше надвор во осамени места. И приоѓаа кај Него отсекаде.

Селектирано:

Марко 1: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се