Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 27

27
ГЛАВА 27
(Зачало 110)
1Акога#На Вел. Петок, на првиот час: Во она време, кога се раздени, сите#На Вел. Петок, вечерта: Во она време, сите првосвештеници и старешини народни направија совет против Исуса, за да Го убијат;
2и откако Го врзаа, Го одведоа и предадоа на управникот Понтиј Пилат.
Крај на Вел. Четврток, на литургијата.
(Зачало 111)
3Тогаш Јуда, којшто Го предаде,#Евангелие петто за св. страданија Христови: Во она време, Јуда, којшто Го предаде Исуса, кога виде дека е Он осуден, се покаја и ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и старешините,
4велејќи: – Згрешив, оти предадов невина крв. А тие му рекоа: – Што ни е грижа нам? Мисли му ти!
5И откако ги фрли сребрениците во храмот, излезе и отиде, та се обеси.
6Првосвештениците ги прибраа сребрениците и рекоа: – Не чини да се стават во храмовата каса, бидејќи се цена за крв.
7И откако се советуваа, ја купија со нив грнчаревата нива, за да погребуваат на неа луѓе од други места;
8затоа и до денес таа нива се вика Крвна Нива.
9Тогаш се исполни реченото преку пророкот Јеремија: „И ги зедоа триесетте сребреници, цената на Оценетиот, Кого Го оценија синовите Израилеви,
10и ги дадоа за грнчаревата нива, како што им кажа Господ“.
11А Исус застана пред управникот; и тој Го праша, велејќи: – Ти ли си Царот Јудејски? Исус му одговори: Ти велиш.
12И кога Го обвинуваа првосвештениците и старешините, Он ништо не одговараше.
13Тогаш Му рече Пилат: – Не слушаш ли колку сведочат против Тебе?
14И не му одговори ниту на еден збор, така што управникот се чудеше многу.
15А на секој празник Пасха управникот имаше обичај да му отпушта на народот по еден затвореник, кого што би го побарале;
16тогаш тие имаа еден прочуен затвореник, по име Варава.
17И кога се собраа, Пилат им рече: – Кого сакате да ви го пуштам: Варава ли, или Исуса, наречен Христос?
18Оти знаеше дека Го беа предале од завист.
19Во тоа време, кога тој седеше во судот, жена му порача да му кажат: – не прави Му ништо на Тој Праведник, оти денеска многу пострадав насон, заради Него.
20Но, првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Варава, а Исуса да Го погуби.
21Тогаш управникот ги праша: – Кого од двајцата сакате да ви го пуштам? Тие одговорија: – Варава!
22Пилат им рече: – А што да направам со Исуса, наречен Христос? Му одговорија сите: – Да биде распнат!
23Управникот рече: – А какво зло направил? Но тие уште посилно завикаа и рекоа: – Да биде распнат!
24Пилат, штом виде дека ништо не помага, а се зголемува буната, зеде вода, ги изми рацете пред народот и рече: – Невин сум за крвта на Овој Праведник; мислете му вие!
25И, одговарајќи целиот народ, рече: – Крвта негова нека падне на нас и на нашите деца!
26Тогаш им го пушти Варава, а Исуса Го биеше и Го предаде да биде распнат.
(Зачало 112)
27Потоа, управниковите војници Го зедоа Исуса#За поклонение на Чесниот Крст: Во она време, војниците Го поведоа Исуса (Ова и за ризата Господова, на утрената). во судницата и ја собраа целата чета против Него,
28па, откако Го соблекоа, Му облекоа пурпурна наметка;
29и сплетоа трнов венец, Му Го кладоа на главата и Му дадоа во десната рака трска; и, паѓајќи на колена, Му се потсмеваа и велеа: – Радувај се, Царе Јудејски!
30И плукаа на Него и, откако ја зедоа трската, Го удираа по главата.
31А кога Го исмеаја, Му ја соблекоа пурпурната наметка, Му ги облекоа Неговите алишта и Го поведоа на распнување.
32На излегување сретнаа еден киринеец, по име Симон; него го натераа да Му го носи крстот.
Крај на петтото евангелие за страданијата Христови, за поклонението на
Чесниот Крст, и за ризата Господова.
(Зачало 113)
33И кога дојдоа на местото, наречено Голгота, што значи: место на черепи,
34Му дадоа#Евангелие седмо за св. страданија Христови: Во она време, кога дојдоа војниците на местото, наречено Голгота, што значи: место на черепи, Му дадоа на Исуса да пие оцет, измешан со жолчка; но Он вкуси и не сакаше да пие.
35А штом Го распнаа, ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждрепка,
36па седеа таму и Го пазеа;
37и Му кладоа над главата натпис, со вината Негова: „Овој е Исус, Царот Јудејски“.
38Тогаш распнаа со Него и двајца разбојници: едниот од десната страна, а другиот од левата.
Премини за Вел. Петок, вечерта, на зачало 111-то според Лука.
И повторно читај одовде.
39А минувачите, вртејќи ги главите свои, Го хулеа
40и велеа: – Ти, што го уриваш храмот и за три дни го соѕидуваш, спаси се Себеси! Ако си Син Божји, слези од крстот!
41Исто така и првосвештениците, заедно со книжниците и старешините, и фарисеите се потсмеваа и говореа:
42– Другите ги спаси, а Себеси не може да се спаси. Ако е Он Цар Јудејски, нека слезе, па ќе поверуваме во Него;
43се надеваше на Бога, нека Го избави сега, ако е по волјата Негова, оти беше рекол: – Син Божји сум!
44И разбојниците, распнати со Него, Го хулеа, исто така.
45А од шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час;
46а околу деветтиот час извика Исус со висок глас и рече: – Или! Или! Лама савахтани? – што значи: Боже Мој! Боже Мој! Зошто си Ме оставил?
47А некои од оние што сто еја таму, кога го чуја тоа, рекоа: – Овој го вика Илија.
48И веднаш еден од нив отрча, зеде сунѓер, го натопи во оцет и го надена на трска, па Му даваше да пие;
49другите, пак, велеа: – Чекајте, да видиме, дали ќе дојде Илија да Го спаси.
50А Исус, откако повторно извика со висок глас, го испушти духот.
51И наеднаш се расцепи храмовата завеса на два дела, од горниот крај до долниот; и земјата се затресе; и карпи паднаа;
52и гробови се отворија; и многу тела на упокоени светии воскреснаа;
53па откако излегоа од гробовите, по воскресението Негово влегоа во светиот град и се јавија на мнозина.
54А началникот и оние што со него Го чуваа Исуса, откако го видоа земјотресот и сѐ друго што стана, се уплашија многу и говореа: – Навистина Овој бил Син Божји!
Крај на седмото евангелие, за св. страданија Христови. Премини за Велики Петок, вечерта, на зачало 61 според Јована. И повторно читај одовде.
55Таму беа и гледаа оддалеку многу жени, што врвеа по Исуса од Галилеја и Му служеа;
56меѓу нив беа Марија Магдалина и Марија, мајка им на Јакова и Јосија, и мајката на Заведеевите синови.
Крај на првиот час, во петокот
57А кога се стемни, дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој, исто така, беше ученик на Исуса;
58тој отиде при Пилата и го побара телото Исусово. Тогаш Пилат нареди да го предадат телото.
59А Јосиф, штом го зеде телото, Го обви во чиста плаштаница,
60и Го положи во својот нов гроб, што беше го издлабил во карпа; па откако постави голем камен на гробната врата, си отиде.
61А таму беа Марија Магдалина и другата Марија, кои седеа спроти гробот.
Крај на Вел. Петок, вечерта
(Зачало 114)
62На другиот ден#Евангелие 12-то за св. страданија Христови: На другиот ден (Ова и на Вел. Сабота, на утрената). по петокот, се собраа првосвештениците и фарисеите при Пилата,
63и рекоа: – Господаре, се сетивме дека Оној измамник, уште додека беше жив, рече: – по три дни ќе воскреснам;
64затоа, нареди да се причува гробот до третиот ден, за да не отидат учениците Негови ноќе и да Го украдат, па да му речат на народот: – воскресна од мртвите! И последната измама ќе биде полоша од првата.
65Пилат им рече: – Имате стража; одете и направете како што знаете.
66Тие отидоа и со стража го обезбедија гробот, и каменот го запечатија.
Крај на 12-то евангелие за св. страданија Христови и на Велика Сабота, на утрената

Селектирано:

Матеј 27: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се