Матеј 17
17
ГЛАВА 17
(Зачало 70)
1И по шест дни, ги зеде Исус со Себе#Св. Преображение, на литургијата: Во она вре ме, Исус ги зеде со Себе Петра, Јакова и брат му Јована, и ги изведе на висока планина сами;
2и се преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Му станаа бели како светлина.
3И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него.
4Тогаш Петар Му одговори на Исуса и рече: – Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме тука три сеници: една за Тебе, една за Мојсеја и една за Илија.
5Додека уште говореше тој, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот, кој велеше: – Овој е Мојот возљубен Син, Кој е според Мојата волја; Него послушајте Го!
6И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија.
7Но Исус, штом се приближи, се допре до нив и им рече: – Станете и не плашете се!
8А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа никого, освен Исуса.
9И кога слегуваа од планината, Исус им заповеда и рече: – Нико му не кажувајте што видовте, додека Синот Човечки не воскресне од мртвите.
Крај на Преображение
(Зачало 71)
10Аучениците Негови Го прашаа,#Петок од осмата седмица по Педесетница: Во она време, Го прашаа Исуса Неговите ученици, говорејќи: – Зошто, пак, книжници те велат дека најнапред треба да дојде Илија?
11Исус им одговори и рече: – Илија ќе дојде порано и ќе уреди сѐ;
12но, ви велам дека Илија веќе дојде, и не го познаа, туку му направија како што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.
13Тогаш учениците разбраа дека Он им говори за Јована Крстителот.
(Зачало 72)
14Кога дојдоа при народот, пристапи кон Него еден човек,#Недела 10-та по Педесетница: Во она време, пристапи кон Исуса еден човек кој падна на колена
15и рече: – Господи, смилувај се на мојот син, зашто при нов месец го фаќа бес и се мачи многу; често паѓа во оган и често – во вода;
16го одведов при Твоите ученици, но тие не можеа да го излечат.
17А Исус одговори и рече: – О, роде неверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!
18И му нареди Исус на бесот и тој излезе од момчето; и тоа оздраве во тој час.
Крај на петокот
19Тогаш учениците пристапија кон Исуса насамо и Му рекоа: – Зошто не можевме ние да го истераме?
20А Исус им рече: – Поради вашето неверие: зашто, вистина ви велам, ако имате вера колку синапово зрно и ѝ речете ли на оваа планина: премести се одовде таму, и таа ќе се премести; и ништо нема да биде за вас невозможно.
21Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.
22А кога беа во Галилеја, Исус им рече: – Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки,
23и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.
Крај на неделата
А тие многу се нажалија.
(Зачало 73)
24Акога пристигнаа во Капернаум,#Сабота 10-та по Педесетница: Во она време, се приближија до Петра оние што собираа дидрахми и му рекоа: – Учителот ваш не плаќа ли дидрахми?
25Тој одговори: – Да. И кога влезе дома, Исус побрза да му рече: – Како ти се чини, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?
26Петар му одговори: – Од туѓите. Исус му рече: – Значи, синовите не плаќаат;
27но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица, и првата риба што ќе се улови, земи ја; и, кога ќе ѝ ја отвориш устата, ќе најдеш статир; земи го и подај им го, за Мене и за себе.
Селектирано:
Матеј 17: MK2008
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008