Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 1

1
ГЛАВА 1
(Зачало 1)
1Во почетокот#На литургијата, на Воскресение: Во почетокот беше Словото, и Словото беше во Бога, и Бог беше Словото.
2Овој беше во почетокот во Бога.
3Сѐ преку Него постана и без Него ништо не стана, коешто постана.
4Во Него имаше живот и животот беше Светлина на луѓето.
5И Светлината во темнината свети, и мракот не ја опфати.
6Имаше еден човек по име Јован, испратен од Бога;
7тој дојде за сведоштво, – да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.
8Тој не беше светлина, туку – да сведочи за Светлината.
9Постоеше вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек што доаѓа на свет.
10Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна.
11Дојде при своите и своите не Го примија.
12А на сите што Го примија, – на сите што веруваат во Неговото име – им даде можност да станат синови Божји;
13тие, не од крв, ни од похот телесна, ни од похот машка, а од Бога се родија.
14И Словото стана тело и се всели во нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
15Јован сведочеше за Него и викаше, зборувајќи: – Овој беше за Кого реков: Којшто иде по мене е пред мене, оти постоеше порано од мене.
16И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;
17зашто Законот беше даден преку Мојсеја, а благодатта и вистината произлегоа од Исуса Христа.
Крај на Воскресение Христово
(Зачало 2)
18Бога никој никогаш#Понеделник од Светлата седмица: Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Којшто е во прегратките на Отецот – Он Го објави.
19И тоа е сведоштвото на Јована, кога Евреите испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: – Кој си ти?
20Тој призна и не одрече, а објави: – Не сум јас Христос.
21И го прашаа: – А што си? Илија ли си ти? Одговори: – Не сум. – Пророк ли си? И одговори: – Не.
22А тие му рекоа: – Па кој си, за да можеме да им одговориме на оние, кои нѐ испратија; што велиш за себе?
23Тој рече: – Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го патот на Господа, како што вели пророкот Исаија.
24А испратените беа од фарисеите;
25и го запрашаа, велејќи: – Зошто тогаш крштеваш, кога не си Христос, ни Илија, ниту пророк?
26Јован им одговори и рече: – Јас крштевам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате.
27Он е што иде по мене, Којшто беше пред Мене, и Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.
28Ова се случи во Витавара, отаде Јордан, каде што крштеваше Јован.
Крај на понеделникот
(Зачало 3)
29Утредента, Го виде Јован Исуса#На св. Јован по Богојавление: Во она време, Го виде Јован Исуса како доаѓа при него и рече: – Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе!
30Овој е, за Кого што реков: по мене иде Човек, Којшто пред мене беше, оти постоеше порано од мене.
31Јас не Го познавав, но дојдов да крштевам со вода, за да биде Он објавен на Израилот.
32И сведочеше Јован, велејќи: – Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и застана над Него.
33Јас не Го познавав, но Оној што ме испрати да крштевам со вода, ми рече: врз Кого ќе видиш да слегува Духот и да останува на Него, – Он е, Којшто ќе крштева со Дух Свети.
34И јас видов и засведочив, дека е Овој Синот Божји.
Крај на св. Јован Претеча
(Зачало 4)
35Аутредента, повторно стоеше Јован#Среда од Светлата седмица: Во она време, стоеше Јован (Ова и на св. ап. Андреј). и двајца од неговите ученици.
36И штом Го виде Исуса да врви, рече: – Еве Го Јагнето Божјо!
37Кога ги чуја од него тие зборови, двајцата ученици отидоа по Исуса.
38А Исус, кога се сврте и виде дека идат по Него, им рече: – Што барате? Тие Му одговорија: – Рави, – што значи: Учителе, – каде живееш?
39Им рече: – Дојдете и видете! Тие отидоа и видоа каде живее; и останаа тој ден при Него. Беше околу десеттиот час.
40А еден од двајцата, кои беа чуле за Исуса и беа тргнале по Него, беше Андреј, братот на Симон Петар.
41Тој прв го најде брата си Симона и му рече: – Го најдовме Месијата – што значи Христос;
42и го одведе при Исуса. А Исус, кога го погледна, му рече: – Ти си Симон, син Јонин; ти ќе се наречеш Кифа, што значи: Петар.
(Зачало 5)
43Утредента, пак, Исус намисли да#Прва недела од Вел. пост: Во она време, намисли Исус да (Ова и на св. ап. Филип). отиде во Галилеја и го најде Филипа, па му рече: – Врви по Мене!
44И Филип беше од Витсаида, од градот на Андреја и Петра.
45Филип го најде Натанаила и му рече: – Го најдовме Исуса, синот Јосифов од Назарет, за Кого пишуваше Мојсеј во Законот, и Пророците.
46А Натанаил му рече: – Може ли нешто добро да биде од Назарет? Филип му одговори: – Дојди и види!
47Исус, пак, кога го виде Натанаила да иде при Него, рече: – Еве вистински Израилец, при кого нема лукавство.
48Натанаил му рече: – Од каде ме познаваш? А Исус, одговарајќи, му кажа: – Уште пред да те повика Филип, кога беше под смоквата, Јас те видов.
49Му одговори Натанаил и рече: – Рави! Ти си Синот Божји, Ти си Царот Израилев.
50А Исус, одговарајќи, му рече: – Веруваш, затоа што ти реков дека те видов под смоквата; – ќе видиш повеќе од ова.
51И му рече: – Вистина, вистина ви велам: отсега ќе го гледате небото отворено и ангелите Божји како се искачуваат и слегуваат над Синот Човечки.
Крај на средатата и на неделата; на св. ап. Андреј и на св. ап. Филип

Селектирано:

Јован 1: MK2008

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се