Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Захарија 8

8
Ветување за спасение на народот Божји и поттик многу народи да Го побараат вистинскиот Бог.
1И пак дојде слово од Господа Саваота:
2вака вели Господ Саваот: »Ревнував за Ерусалим и за Сион со голема ревност и со голем гнев ревнував за него«.
3Така вели Господ: »Ќе се обрнам кон Сион и ќе живеам во Ерусалим, и Ерусалим ќе се вика град на вистината, и гората на Господа Саваота ќе се вика – Света Гора«.
4Така вели Господ Саваот – »И пак старци и старички ќе седат по улиците на Ерусалим, секој со стапчето свое поради напреднатата возраст своја.
5А и улиците на тој град ќе се исполнат со момчиња и девојки, кои ќе си играат по улиците негови«.
6Вака вели Господ Саваот: »Ако во очите на другите им биде чудно во тие дни, зар ќе биде тоа чудно и во очите Мои?« – вели Господ Саваот.
7Вака вели Господ Саваот: »Ете, Јас ќе го спасам Својот народ од источната страна и од западната;
8ќе ги доведам, и тие ќе живеат во Ерусалим и ќе бидат Мој народ, и Јас ќе им бидам нивни Бог, во вистина и во правда«.
9Така вели Господ Саваот: »Поткрепете ги сега рацете свои вие, што ги слушате овие зборови од устата на пророците, кои беа при основањето на домот за Господа Саваота, за да се изгради храмот.
10Оти пред оние дни немаше ни плата за човек ниту награда за трудот на животното; немаше спокојство од непријателите ни за оној што доаѓаше, ниту за оној што си одеше; и дозволував Јас секој човек да му е непријател на друг човек.
11А сега за остатокот од овој народ Јас не сум веќе таков како во поранешните денови« – вели Господ Саваот.
12Зашто селидбата ќе се врши во мир, лозата ќе го даде својот плод, замјата ќе го даде својот род, а и небесата ќе ја даваат својата роса; и сето тоа ќе го предадам на остатокот од овој народ.
13И како што вие, доме Јудин и доме Израилев, бевте проколнати меѓу народите, така ќе ве избавам, и вие ќе бидете благословени; не плашете се, рацете ваши нека се поткрепат!
14Оти така вели Господ Саваот: »Како што бев определил да ве казнам, кога татковците ваши Ме прогневуваа – вели Господ Саваот – и не зажалив,
15така пак определив во овие дни на Ерусалим да му направам добро и на домот Јудин; не бојте се!
16Еве ги наредбите што треба вие да ги извршувате: зборувајте вистина еден на друг; праведно и мирољубово судете при портите ваши.
17Никој од вас да не му мисли зло на ближниот свој, и на посакувајте лажна клетва, зашто сето тоа Јас го мразам« – говори Господ Севишниот.
18И би слово до мене од Господа Саваота:
19Вака вели Господ Саваот: »Постот во четвртиот месец, постот во петтиот, постот во седмиот и постот во десеттиот месец за домот Јудин ќе бидат радост и голема веселба, сакајте ги вистината и мирот«.
20Така вели Господ Саваот: »Уште ќе доаѓаат народи и жители од многу градови,
21и ќе дојдат жителите од еден град при жителите во друг град, – па ќе речат: да дојдеме да се помолиме пред лицето на Господа и да Го побараме Господа Саваота; тогаш секој ќе рече – ќе појдам и јас.
22И ќе доаѓаат многу племиња и народи силни, за да го бараат Господа Саваота во Ерусалим и да се помолат пред лицето на Господа.«
23Така вели Господ Саваот: »Во тие дни ќе се фаќаат по десет души од разни народи за полата од Јудеец и ќе речат – ќе појдеме со тебе, оти чувме дека Бог е со вас«.

Селектирано:

Захарија 8: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се