Захарија 4
4
Златен свеќник и две маслини.
1И се врати оној ангел, кој зборуваше со мене, и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон.
2Па ми рече: што гледаш? Одговорив: еве, гледам свеќник цел од злато и чашка за елеј врз него, а и седум кандилца на него и по седум чашенца за кандилцата, при врвот.
3И две маслинки на него – една десно од чашката, а друга лево од неа.
4Одговорив и му рекова на ангелот, кој говореше со мене – што претставува ова, господине?
5И ангелот, што зборуваше со мене, одговори и ми рече: »зар не знаеш што е тоа?« Му реков »не знам, господине мој.«
6Тогаш одговори и ми рече: »тоа е словото Господово кон Зоровавела, што кажува – не со војска не со сила, а со Мојот Дух, вели Господ Саваот.
7Која си ти, планино голема, пред Зоровавела: Та ти си рамнина и он ќе го изнесе каменот темелник во восклик: благодат, благодат врз него!«
8И би слово Господово до мене:
9рацете на Зоровавела ги поставија основите на овој дом: неговите раце и ќе го завршат, и ти тогаш ќе рабереш дека Господ Саваот ме прати при вас.
10Оти, кој може да го омаловажи тој ден, кога радосно ќе ја гледаат ѕидарската висулка во рацете на Зоровавела оние седум, а тоа се очите на Господа, што со поглед ја опфаќаат целата земја?
11Потоа одговорив и му реков: што значат оние две маслинки од десната и од левата страна на свеќникот?
12И пак почнав да му зборувам и му реков – што треба да означуваат оние две маслинени гранчиња, што се наоѓаат меѓу двете златни цевчиња, кои од себе долеваат масло?
13А тој ми рече: »зар не ти е познато што е тоа?« Му одговорив: »не знам, господине мој.«
14Тогаш тој ми рече: »па тоа се двајцата помазаници со елеј, кои стојат пред Господа над целата земја.«
Селектирано:
Захарија 4: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016