Јеремија 8
8
Прогонство поради отпаѓање.
1Во тоа време, вели Господ, ќе ги исфрлам од гробовите коските на царевите на Јуда, и коските на кнезовите негови, и коските на свештениците, и коските на пророците, и коските на жителите ерусалимски.
2И ќе ги расфрлат пред сонцето и месечината и пред сета небесна војска, кои тие ги сакаа, на кои им служеа и по кои одеа, кои ги бараа и на кои им се поклонуваа; тие нема да се соберат и нема да се погребат; тие ќе бидат ѓубре на земјата.
3И ќе претпочитаат смрт пред живот сите оние, што ќе останат од тоа лошо племе по сите страни, каде што Јас ќе ги изгонам, вели Господ Саваот.
4И кажи им уште; вака вели Господ: зар паднатите не стануваат, и оние што скршнале од патот не се враќаат?
5Зошто се свртил овој народ ерусалимски? Тие се држат цврсто за измамата и не сакаат да се обрнат.
6Јас набљудував и слушав: тие не говорат право, никој не се кае за злото свое, никој не вели: ‚што направив;‘ секој тргнал по својот пат како коњ, што се впушта во бој.
7И штркот под небото ги знае своите определени времиња; гугутката, ластовицата и жеравот го пазат времето, кога мораат да се вратат, а Мојот народ, не знае за судот Господов.
8Како зборувате: »ние сме мудри, и законот Господов е во нас?« А, ете, лажливото перо на книжниците и него го претвораат во лага.
9Се посрамија мудрите, се вознемирија и се заплеткаа во мрежа: ете, тие го отфрлија словото Господово; каде е тогаш нивната мудрост?
10Заради тоа жените нивни ќе им ги дадам на други, нивите нивни – на туѓинци, зашто сите тие, од мал до голем, се предадоа на користољубие; од пророк до свештеник – сите дејствуваат лажливо.
11Зашто, лекувајќи ја лесномислено раната на ќерката на Мојто народ, велит: »мир, мир«, а мир нема.
12Срам ли им е, кога вршат гадотии? Не, воопшто не им е срам и не црвенеат. Затоа ќе паднат меѓу паднатите; кога ќе ги посетам, тие ќе бидат соборени, вели Господ.
13Наполно ќе ги оберам, вели Господ; нема да остане ни еден грозд на лоза, ни смоква на смоквата, ќе паднат и лисјата, и она што сум им го дал, ќе се одземе од нив.
14»Зошто стоиме? Собирајте се, да одиме во утврдените градови и таму да загинеме; зашто Господ, нашиот Бог, определил да загинеме и ни дава да пиеме вода со жолчка, затоа што згрешивме пред Господа.«
15Очекуваме мир, но нема ништо добро, – време за оздравување, а ете ужаси.
16Од Дан се слуша фркање на коњите негови, од 'ржењето на пастувите негови трепери целата земја; ќе дојдат и ќе ја опустошат земјата и сѐ што има на неа, градот и оние што живеат во него.
17Зашто, ете, Јас ќе испратам против вас змии, отровници, против кои бајачка нема, и тие ќе ве каснуваат, вели Господ.
18Сакам да се утешам во тагата своја, но срцето ми е малаксано.
19Ете, слушам од далечна земја пискот од ќерката на Мојот народ: »зар нема Господ на Сион? Зар Царот негов не е таму? – Зошто ме разгневија со своите резани ликови, на туѓи адети.«
20Мина жетвата, сврши летото, а ние не се избавивме.
21Поради уништувањето на ќерката на Мојот народ и јас сум уништен, одам нажален, ужас ме обзема.
22Зар нема балсам во Галад? Зар таму нема лекар? И зошто нема лек за ќерката на Мојот народ?
Селектирано:
Јеремија 8: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016