Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јеремија 6

6
Доаѓаат страшни непријатели.
1Бегајте, деца Венијаминови, од Ерусалим, трубете со труба во Текоја и јавете преку оган во Вет – Акерем, зашто откај север се појавува зло и голема погибел.
2Јас ја разубавив ќерката Сионова, прекрасна и разнежена.
3Ќе дојдат кај неа пастири со стадата свои, ќе распнат шатори околу неа; секој ќе го пасе својот дел.
4Гответе против неа војна; станувајте да тргнеме на пладне. Тешко нам! Денот веќе одминува, се спушаат вечерни сенки.
5Станувајте да одиме и ноќе, и да ги срушиме нејзините дворци!
6Зашто вака вели Господ Саваот: сечете дрвја и кревајте насипи против Ерусалим: тој град треба да се казни; во него се врши секакво насилство.
7Како што од извор блика вода, така и од него блика зло: во него се слуша насилство и отимање, пред Моето лице секогаш има навреди и рани.
8Вразуми се, Ерусалиме, за да не се отстрани од тебе душата Моја и да не те направам пустиња, земја ненаселена.
9Вака вели Господ Саваот: докрај ќе ги оберат остатоците на Израилот, како грозје; работи со раката своја, како берач на грозје, кога полни кошници.
10Кому да му говорам и кого да го убедувам, за да чујат? Ете, нивното уво е необрезано, и тие не можат да слушаат; ете, словото Господово кај нив е за потсмев; тоа им е непријатно.
11Поради тоа јас сум преполнет со Господова јарост, не можам да ја држам во себеси; ќе ја излеам врз децата по улиците и врз собрани младинци, ќе бидат земени маж со жена, старец со млад.
12И куќите нивни ќе ги присвојат други, исто така и нивите и жените; зашто ќе ја протегнам раката Своја врз жителите на таа земја, вели Господ.
13Зашто од мал до голем, секој од нив се предал на лакомост, и пророк и свештеник – сите дејствуваат лажливо:
14ги лекуваат раните на Мојот народ лесномислено, велијќи: »мир! мир!« а мир нема.
15Се срамуваат ли тие, кога вршат гадотии? Не, никако не се срамуваат и не црвенеат. Затоа ќе паднат меѓу паднатите, и во време на Мојата посета ќе бидат соборени, вели Господ.
16Вака вели Господ: – застанете на вашите патишта, разгледајте и распитајте за дамнешните патишта, каде е добриот пат, врвете по него, и ќе најдете спокојство на душите свои. Но тие рекоа: нема да врвиме.
17И поставив чувари над вас, и реков: »слушајте го звукот на трубата.« Но тие рекоа: – нема да слушаме.
18И така, чујте народи, и знај, собрание, што ќе стане со нив.
19Чуј, земјо: ете, ќе испратам против овој народ погибел, плод на помислите нивни; зашто тие не ги слушаа Моите зборови и Мојот закон го отфрлија.
20Зошто Ми е Ливан, што иде од Сава, и миризлива трска – од далечна земја? Вашите сепаленици не Ми се угодни, и вашите жртви не Ми се пријатни.
21Затоа вака вели Господ: ете, поставувам пред овој народ пречки, и ќе се сопнат од нив таткото и децата заедно, соседот и неговиот пријател, и ќе загинат.
22Вака вели Господ: – ете, иде народ од северна земја, и голем народ се крева од земните краишта;
23во рацете држат лак и копје; тие се жестоки и немилостиви, гласот нивни им бучи како море, и летаа на коњи, наредени како еден човек, за да удрат протв тебе, ќерко Сионова.
24Чувме вест за нив, и рацете ни премалеа, скрб нѐ обзеде, маки – како жена при раѓање.
25Не излегувајте на нива и на пат не одете, зашто непријателски меч и ужас од сите страни е.
26Ќерко на Мојот народ, препаши се со кострет и посипи се со пепел; тагувај како за син единец – горко плачи; зашто ненадејно ќе дојде врз нас погубник.
27Те поставив за кула среде Мојот народ, за столб, за да знаеш да ги испитуваш нивните патишта.
28Сите тие се упорни одметници, живеат со клевета; тоа се бакар и железо – сите се расипани.
29Мевот изгоре; оловото се стопи од огнот; леарот топи напразно, зашто лошите не се отстранија;
30ќе ги наречат лажно сребро, зашто Господ ги отфрли.

Селектирано:

Јеремија 6: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се