Исаија 64
64
Покајание за гревовите.
1О, да беше ги раскинал Ти небесата и да беше слегол! Горите би се стопиле од лицето Твое,
2како оган што растопува восок, како од оган што вода зовира, така ќе го познаат името Твое напријателите и од Твоето лице ќе затреперат народите.
3Кога вршеше страшни дела, од нас неочекувани, и слегуваше, – гори се топеа од Твоето лице.
4Зашто од секогаш не бевме слушале, не бевме внимавале со увото, и никое око не беше видело друг бог, освен Тебе, којшто направил толку многу за оние, кои на Него се надеваат.
5Ти милостиво го пресретнуваше секого, кој се радуваше и кој вршеше правда, кој Те спомнуваше на Твоите патишта. Но, ете, Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме; па како тогаш ќе бидеме спасени?
6Сите ние станавме како нечист човек, и секоја наша правда – како извалкана облека; сите попаѓавме како лист; а беззаконијата наши како ветар нѐ однесуваат.
7Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Свое од нас и нѐ остави да гинеме од беззаконијата свои.
8Но сега, Господи, Ти си наш Отец; ние сме глина, а Ти – наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце.
9Немој да се гневиш безмерно, Господи, и немој вечно да го помниш беззаконието. Но, погледај: сите сме Твој народ.
10Градовите на Твојата светиња станаа пустелија; пустиња стана Сион; Ерусалим е опустошен.
11Домот на нашата светиња и на нашата слава, каде што татковците наши Те прославуваа, од оган изгоре, а сите наши добра така пропаднаа.
12По сево ова, ќе се воздржуваш ли уште, Господи, ќе молчиш ли и ќе нѐ казнуваш ли без мерка?
Селектирано:
Исаија 64: MK1990
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016
© Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016