Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Ппророк Језекиил 2

2
Бог го праќа Језекиила за пророк.
1Такво беше видението на сјајот од подобието на славата Господова. Кога го видов тоа, паднав ничкум и го чув гласот на Оној, Кој ми зборуваше, и Он ми рече: »Сине човечки, стани на нозе, и Јас ќе говорам со тебе.«
2И влезе во мене Дух, ме зеде и ме подигна и ме исправи на нозете мои, и Го чув Оној, Кој ми говореше.
3Тогаш Он ми рече: »Сине човечки, Јас те праќам при Израилевите синови, при непокорни луѓе, кои се побунија против Мене; тие и татковците нивни Ме изневеруваа Мене дури до денешниов ден.
4Тие се синови со огрубено лице и со жестоко срце; при нив те праќам и ти ќе им кажеш – вака вели Господ Бог.
5Дали ќе те послушаат или нема да те послушаат, бидејќи тие се дом отстапнички – но нека знаат дека меѓу нив имало пророк.
6А ти, сине човечки, не бој се од нив и не плаши се од нивните зборови, зашто ќе се разбеснат и ќе те навредуваат од сите страни; меѓу нив ќе живееш – како меѓу трње и скорпии; не бој се од лицата нивни, зашто тие се дом отстапнички;
7и кажувај им ги зборовите Мои – па слушале тие или не, бидејќи се тие непокорни.
8А ти, сине човечки, чуј што ќе ти кажам: не биди како тој отстапнички дом; отвори ја устата и изеди го она што ќе ти го дадам.«
9И видов, ете, протегната рака спрема мене, и во неа – книжен свиток.
10И Он ги разви пред мене, а свитокот беше напишан одвнатре и однадвор, и на него беше напишано: плач, жалост и офкање.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се