Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исход 27

27
За жртвеникот, дворот и светото масло.
1Направи и жртвеник од дрвото ситим – пет лакти долг и пет лакти широк; четириаголен да биде жртвеникот и три лакти висок.
2А на неговите четири агли направи им рогови, така што роговите да излегуваат од него; и опковај ги со бронза.
3Потоа направи венец на жртвеникот, покров и чаши за темел и кадило; сите садови направи ги од бакар.
4И направи му огниште од бакар во вид на мрежа, а на огништето од страните четири агли, направи и четири алки од бакар;
5и стави ги под огништето на жртвеникот, за да зафаќа огништето до средината на жртвеникот.
6Направи за жртвеникот лостови, лостови од дрвото ситим, и обви ги со бакар;
7лостовите да се провлечат низ алките, така што лостовите да излегуваат од двете страни на жртвеникот, за да се носи.
8Празен ќе го направиш од штици, однатре да биде празен; како што ти беше покажано на гората, така да го направиш.
9Направи и двор на скинијата. На јужната страна направи завеси од ткаенина, и од висон, сто лакти во должина од едната страна;
10а за двесетте нивни столбови и подножја од бакар – дваесет; кукичките за нивните столбови и врвовите нивни да бидат сребрени.
11Исто така и од северната страна завесите да бидат сто лакти долги; и дваесет столбови за нив со дваесет подножја до бакар; кукичките нивни и врвовите на столбовите и подножјата нивни посребрени со сребро.
12А и по ширина на дворот што е од кај морето да има зевеси, долги педесет лакти; со десет столбови и десет подножја за нив.
13А на предната страна, кон исток, дворот треба да има завеси, од педесет лакти – со столбови десет и нивни подножја десет.
14Од петнаесет лакти во висина нека бидат завесите од едната страна, и за нив три столба и три подножја под нив;
15и од другата страна завеси, од петнаесет лакти, во висина со три столба за нив и три подножја под нив;
16А за вратата на дворот завесата да е дваесет лакти во висина, од сина, црвена и темноцрвана ткаенина и со ткаен висон ишарана; и четири столба за неа, со четири подножја под нив.
17Сите столбови за тремот наоколу треба да бидат опковани со сребро; и врвовите нивни да им се сребрени, а подножјата од бакар.
18Во должина дворот да има сто лакти, во ширина по педесет насекаде, додека во висина пет лакти; ткаенина од висон, а подножјето од бакар.
19Сите направи и сите орудија во скинијата за општа употреба и сите негови колчиња, и сите колчиња на дворот да се од бакар.
20И заповедај им на синовите Израилеви да ти донесат елеј, маслинов, за горење, без талог, чист, да гори за светење, за да гори секогаш.
21Ве скинијата на сведоштвото пред завесата, која е над ковчегот на откровението, Арон и синовите негови нека го палат, да гори пред Господа од вечер до утрина. Тоа нека е вечен закон за поколенијата на синовите Израилеви.«

Селектирано:

Исход 27: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се