Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Колосјаните 2

2
Потребно е цврсто да се стои со Исуса Христа, единствен извор на животот, и да не се поведуваме по лажни учења.
1Сакам да знаете, во каква голема борба сум заради вас и заради оние, што се во Лаодикија и во Јерапол, и поради сите, кои што не ме видоа лично,
2за да се утешат срцата нивни, та, соединети со љубов за секое збогатување со совршено разбирање, да ја познаат тајната на Бога и Отецот и на Христа,
3во Кого се сокриени сите сокровишта на премудроста и познавањето.
4А ова ви го велам за да не ве измами некој со примамливи зборови;
5оти, ако и да сум отсутен со телото, со духот сум при вас, радувајќи се и гледајќи го вашиот ред и вашата тврда вера во Христа.
6Поради тоа, како што Го примивте Господа Исуса Христа, така и одете по Него,
7вкоренети и утврдени во Него и укрепени во верата, како што сте научени, изобилувајќи во неа со благодарност.
8Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечкото предание, според стихиите на светот, а не по Христа;
9оти во Него телесно живее сета полнота на Божеството,
10и вие да имате полнота во Него, Кој е глава на секое началство и власт;
11во Него сте и обрезани преку неракотворно обрезание, откако го соблековте гревовното тело на плотта преку обрезанието Христово;
12откако се погребавте со Него во крштавањето, во кое заедно со Него и воскреснавте преку вера во силата на Бога, Кој Го воскресна од мртвите.
13И вас, кои бевте мртви во гревовите и во необрезанието на вашето тело, Он заедно со Него ве оживи, простувајќи ви ги сите гревови;
14а тоа стана, кога Христос го избриша ракописниот закон, што беше против нас, а кого го зеде од средината и го прикова на крстот;
15и, откако ја одзеде силата од началствата и властите, Он ги изложи јавно на позор и ги победи на него.
16Па така, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за некој празник, или за млад месец или сабота;
17тоа е сенката на иднината, а телото е Христос.
18Никој своеволно да не ве мами со смиреномудрост и служење на ангелите, впуштајќи се во она, што не го видел, гордеејќи се залудо со својот телесен ум,
19и не се придржува кон Главата, од Која целото тело, поддржано преку зглобови и врски, расте со растење според Бога.
20И така, ако вие со Христа умревте за световните стихии, тогаш зошто се препирате, како уште да живеете во светот:
21не се фаќај, не вкусувај, не пипај!
22Сите тие се определени на пропаѓање – кога се управуваат според човечките заповеди и учења.
23Тие имаат само вид на мудрост во своеволното благочестие, а во смиреномудроста и во нештедењето на телото тие никако не се грижат, освен за наситување на телото.

Селектирано:

Колосјаните 2: MK1990

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се