Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1. Коринтјаните 1

1
Благодарност на Бога што на Коринт му е дадена евангелска благодат. Потребно е чување од расправии и разделување. Зборот крст е лудост, но сепак е сила Божја.
1Од Павла, повиканиот апостол на Исуса Христа по волјата Божја, и од братот Состен –
2до црквата Божја во Коринт, до осветените во Исуса Христа, до повиканите светии, заедно со сите оние, кои го призовуваат името на нашиот Господ Исус Христос на секое место, на нивно и на наше.
3Да имате благодат и мир од нашиот Бог Отец и од Господа Исуса Христа!
4Секогаш Му благодарам на Бога за вас поради даруваната ви во Христа Исуса Божја благодат,
5зашто преку Него се обогативте со сѐ, во секое слово и во секое знаење,
6откако се утврди во вас Христовото сведоштво,
7така што да не се лишавате од никаков дар, вие, што го очекувате откровението на нашиот Господ Исус Христос,
8Кој ќе ве утврди и до самиот крај, за да бидете беспрекорни во денот на нашиот Господ Исус Христос.
9Верен е Бог, преку Кого сте повикани за општење со Неговиот Син Исус Христос, нашиот Господ.
10Браќа, ве молам, во името на нашиот Господ Исус Христос, сите вие да зборувате едно и исто, и помеѓу вас да нема делење, туку да бидете соединети во еден дух и во една мисла.
11Оти од домашните на Хлој чув за вас, браќа мои, дека помеѓу вас имало карање.
12А ова ви го велам, затоа што еден од вас вели: »Јас сум Павлов«, друг: »А јас сум Аполосов«, трет: »Јас сум на Кифа«, а друг: »Јас, пак, Христов«.
13Па зар Христос да се раздели? Дали Павле беше распнат за вас? Или пак во името Павлово се крстивте?
14Му благодарам на Бога, што од вас никого не сум крстил, освен Криспа и Гаја,
15та никој да не рече, дека сум крстил во свое име.
16Го крстив исто така и домот на Стефанин, а дали сум крстил и некој друг, не знам.
17Зашто Христос не ме прати да крштавам, туку да го проповедам Евангелието, и тоа не со премудри зборови, за да не ја изгуби силата крстот Христов.
18Бидејќи словото за крстот е безумство за оние, што гинат, а за нас, кои се спасуваме, сила Божја.
19Зашто е напишано: »Ќе ја погубам мудроста на мудрите и ќе го отфрлам разумот на разумните.«
20Каде е мудрецот? Каде е книжникот? Каде е препирачот од овој век? Не ја обезуми ли Бог мудроста на овој свет?
21Зашто светот со својата мудрост не Го позна Бога во Неговата премудрост; Бог благоволи со безумството на проповедта да ги спаси оние што веруваат.
22Оти и Јудејците сакаат знаци, а Елините бараат мудрост,
23ние, пак, Го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазан, а за Елините безумство;
24за повиканите, пак, како Јудејците, така и Елините, Христа како Божја сила и Божја премудрост.
25Зашто она, што е безумно за Бога, помудро е од луѓето, и она, што е за Бога немошно, посилно е од луѓето.
26Гледате, браќа, какви сте вие, повиканите: не мнозина сте по тело мудри, не мнозина силни, не мнозина благородни;
27но Бог го избра она, што е безумно во овој свет, за да ги посрами мудрите; Бог го избра она, што е слабо во овој свет, за да ги посрами силните;
28Бог го избра она, што е од долно потекло и унизено во овој свет, и она, што не претставува ништо, за да го сосипе она, што е нешто,
29та ниедно тело да не се пофали пред Бога.
30Од Него сте и вие во Исуса Христа, Кој за нас стана премудрост од Бога, и правда, и осветување, и откуп,
31па да биде, како што е напишано: »Кој се фали, во Господа нека се фали«.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се