Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Софонија 3

3
Грешниот Ерусалим
1Тешко на непокорен, осквернет и насилнички град! 2#Амос 4,6Не слуша повик, не прифаќа поука, не се надева на Господ, не се приближу­ва до својот Бог. 3#Ез 22,25-26; Изреки 28,15Кнезовите негови се како лавови што рикаат, судиите негови – вечерни волци, кои до утрината не оставаат ниту една коска. 4#Ер 6,13; Ос 9,7Пророците негови се луѓе лесномислени, неверни; свештениците негови ја осквернуваат светињата, ги кршат законите. 5#5 Мојс 32,4; Ер 6,15; Пс 101,8Господ е праведен среде него, не врши неправда, секое утро го произнесува Својот суд на видело, но беззаконикот не знае за срам. 6Јас ги истребив народите – разруше­ни им се тврдините; ги опустив улиците нивни, така што никој не оди по нив; разорени се градовите нивни: нема ниту еден човек, нема жител. 7#Амос 4,6Јас реков: „Можеби ќе се исплаши од Мене, ќе прими поука; не е можно да ги заборавиле бројните Мои походи.“ Но, не! Тие грижливо се трудеа да ги расипат сите свои дела.
Народите пред Господ
8 # 1,18; Ис 14,26 И така, чекајте Ме, вели Господ, до оној ден, кога ќе се кренам како судија; што Јас одлучив да ги соберам народите, да ги свикам царствата, за да го излијам врз нив Мојот гнев, сета јарост на Мојот гнев; зашто од огнот на јароста Моја ќе биде уништена целата земја. 9#Мал 1,11Тогаш Јас пак ќе им дадам на чистите народи уста да го призовуваат името на Господ и да Му служат еднодушно. 10#Ис 18,7Од краиштата отаде реките на Етиопија поклониците Мои – Моите растурени деца – ќе Ми принесат да­рови. 11#Ис 54,4; Пс 3,4Во тој ден ти нема да се срамуваш за твоите бунтовни постапки, со кои грешеше против Мене, зашто тогаш Јас ќе ги отстранам од твојата средина горделивите фалбаџии и нема повеќе да се гордеат на Мојата света гора. 12#2,3; Ис 14,32Но ќе оставам среде тебе народ скромен и понизен, и тие ќе бараат за­крила во името Господово. 13#Ис 53,9; Откр 14,5Остатоците од Израел нема да вр­шат неправда, нема да зборуваат лага, и во устата нивна нема да се најде јазик сплеткарски. Тогаш ќе пасат и ќе лежат, и никој нема да ги вознемирува.
Радосна песна
14 # Ис 12,6; 54,1; Зах 2,14; 9,9 Радувај се, ќерко Сионова, ликувај, Израеле, весели се и радувај се од сѐ срце, ќерко ерусалимска: 15#Ис 40,2; Ер 8,19Господ ја одмени пресудата над тебе, го изгони непријателот твој. Гос­под, Царот Израелов, е среде тебе: нема повеќе да се плашиш од зло. 16#Ис 35,3-4Во оној ден ќе му речат на Еруса­лим: „Не бој се“ и на Сион: „Да не за­слабнат рацете твои.“ 17#Ис 12,6; 62,5; Ер 32,41Господ, твојот Бог, е среде тебе. Тој е силен да те спаси; ќе се развесели за тебе со радост, ќе те обнови според љубовта Своја, ќе се гордее за тебе со песни,
Божјо ветување за Неговиот народ
18 # Плач 2,6 како на празничен ден. Ќе ја от­странам неволјата од тебе, за да не го носиш повеќе срамот. 19#Ез 34,11.16Ете, Јас ќе ги притеснам сите твои мачители во она време, ќе го спасам она што е куцо, ќе ги соберам расеаните и ќе им дадам чест и слава по целата зем­ја, каде што беа под срам. 20#Ер 32,37; Мих 4,6Во она време ќе ве доведам, во она време ќе ве соберам вас, зашто ќе ве направам прочуени и почитувани меѓу сите народи на земјата, кога ќе ја изменам вашата судбина пред очите ваши, вели Господ.

Селектирано:

Софонија 3: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се