Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Софонија 1

1
Суд за Јудеја
1 # Ер 1,2 Словото Господово упатено до Софонија, синот на Кушиј, син Гедалиев, син Амариев, син Езекиин, во деновите на Јошија, син Амонов, цар јудејски. 2#Ер 8,13Сѐ ќе истребам од земјата, вели Господ; 3#Ер 7,20; Ос 4,3ќе ги збришам луѓето и животните, ќе ги истребам птиците небески и ри­бите морски и ќе направам да паднат безбожниците; ќе ги истребам луѓето од лицето на земјата, вели Господ. 4#2 Цар 23,4-5.12; Ез 6,14И ќе ја протегнам раката Своја врз Јудеја и врз сите жители на Ерусалим; ќе ги истребам од тоа место остатоците на Ваал, името на служителите негови со свештениците негови, 5#5 Мојс 4,19; 1 Цар 11,7.33; 2 Цар 21,3-5; 23,13; Ер 19,13и оние, кои на покривите се поклонуваат на небесната војска, и од поклониците оние што се колнат во Гос­под, но се колнат и во својот цар, 6како и оние, што отстапија од Гос­под, не Го бараат Господа ниту прашу­ваат за Него. 7#Јоил 1,15; Авак 2,20; Зах 2,17; Откр 8,1Замолкни пред лицето на Господ Бог, зашто близу е денот Господов. Ве­ќе го приготви Господ жртвеното кла­ње, ги определи и гостите свои. 8#2 Мојс 3,16Во денот на жртвата Господова, Јас ќе ги казнам кнезовите, синовите на царот и сите, што се облекуваат во об­леки на туѓинци; 9ќе ги казнам во оној ден сите, кои го прескокнуваат прагот, што го исполнуваат домот на својот Господ со насил­ство и измама. 10#2 Цар 22,14; Неем 3,3И во тој ден, вели Господ, ќе има вик кај Рибните Порти и ридање во новиот дел на градот, а и големо уривање на ридови. 11#Зах 14,21Плачете жители на Махтеш, зашто загинаа сите трговци; истребени се сите што мерат сребро. 12#Ис 45,7; Ер 5,12; Пс 10,4; 14,1; Плач 3,38А во тоа време Јас ќе го прегледам Ерусалим со светило и ќе ги казнам оние, кои седат на своите остатоци и велат во срцето свое: „Господ не прави ни добро ни лошо“; 13#5 Мојс 28,30-33; Амос 5,11; Мих 6,15пак ќе станат богатствата нивни пљачка и куќите нивни ќе се запустат; иако градеа куќи, тие нема да живеат во нив; садеа лоза, но вино нема да пијат од неа.
Страшниот ден
14 # 4 Мојс 10,35; Ис 42,13; Ер 30,7; Јоил 1,15 Близу е денот велик на Господ, бли­зу е – и брзо доаѓа. Горчлив е гласот на денот Господов, ќе завика тогаш дури и најхрабриот. 15#Јоил 2,2; Амос 5,18Тој ден е ден на гнев, ден на жалост и на мачнотија, ден за запустување и уривање, ден на темнина и на мрак, ден облачен и маглив, 16#Ис 2,15; Јоил 2,1ден на труба и на боен повик против утврдените градови и високите кули. 17#5 Мојс 28,28-29; Ис 5,25; Ер 9,21И Јас ќе ги притеснам луѓето, и тие ќе се тетерават како слепи, зашто згрешија против Господ, и растурена ќе биде крвта нивна како прав, и телата нивни како смет. 18#5 Мојс 4,24; Ис 10,23; Ез 7,19; Изреки 11,4Ни среброто нивно, ниту златото нивно не ќе може да ги спаси во денот на гневот Господов, а од огнот на рев­носта Негова ќе биде уништена целата земја, и тоа ќе биде ненадеен крај на сите жители нејзини.

Селектирано:

Софонија 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се