Захарија 13
13
Истребување на идолите и на лажните пророци
1 #
Ис 4,4; Ез 36,25; Јн 7,38; 19,34 Во оној ден ќе се отвори извор за домот Давидов и за жителите ерусалимски, за да се измијат од гревовите нивни и од нечистотијата. 2#Ос 2,19; Мих; 5,11-12Во оној ден, вели Господ Саваот, Јас ќе ги истребам имињата на идолите од оваа земја, и тие повеќе нема да се спомнуваат; ќе ги истребам и лажните пророци и нечистиот дух од оваа земја. 3#5 Мојс 18,20; Ер 14,14-15И ако пак се појават пророци, татко му и мајка му, што го родиле, ќе му речат: ти не треба да живееш, зашто кажуваш лага во името на Господ; и ќе го убијат татко му и мајка му, кога тој ќе пророкува. 4#2 Цар 1,8; Мих 3,7; Мт 3,4Во оној ден ќе се засрамат таквите пророци, секој од кажувањето свое, кога ќе почнат да пророкуваат, и нема да се облекуваат во вреќишта, за да лажат, 5#Амос 7,14туку секој ќе рече: јас не сум пророк, земјоделец сум, земјата ми е наследство од детството мое. 6#3 Мојс 21,5; 1 Цар 18,28И ако некој го праша: а од што ти се раните на рацете твои? Тој ќе одговори: „Раните ги добив од моите пријатели.“
Удар по Пастирот и распрснување на овците
(Мт 26,31)
7 #
11,17; Мт 26,31; Мк 14,27 О, мечу, пробуди се против Мојот пастир и против Мојот ближен, вели Господ Саваот: удри го пастирот, и овците ќе се распрснат! И Јас ќе ја свртам раката Своја против слабите. 8#Ез 5,1-5И по целата земја, вели Господ, два дела од неа ќе бидат истребени, ќе изумрат, а третиот ќе остане. 9#8,8; Ис 1,25; 48,10; 65,24; Ер 31,31; Ос 2,25; Мал 3,3; Пс 91,15; Изреки 17,3И тој трет дел ќе го минам низ оган, и ќе ги пречистам како што се пречистува сребро, и ќе ги проверам, како што се проверува злато; тие ќе го повикаат името Мое, и Јас ќе ги чујам; ќе речам: „Тоа е Мојот народ“, а тие ќе речат: „Господ е наш Бог!“
Селектирано:
Захарија 13: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006