Захарија 11
11
Казна за непријателите на Израел
1 #
Пс 29,5
Отвори ги, Ливане, портите свои и оган нека ги проголта кедрите твои. 2#Ис 2,13; Ез 27,5-6Плачи, кипарисе, зашто падна кедарот, зашто паднаа великаните; ридајте, дабови башански, бидејќи е испосечена густата гора. 3#Ер 25,34Се слуша гласот од плачењето на пастирите, бидејќи е опустошена нивната слава; се слуша рикањето на лавовите, зашто е опустошена гордоста на Јордан.
Бескорисни духовни пастири
4 #
Ер 12,3
Така вели Господ мојот Бог: „Паси ги овците, определени за клање, 5#Ез 34,3; Ос 12,9кои купувачите, без пречка ќе ги колат, а продавачите ќе им велат: ‚Нека е благословен Господ; се збогативме!‘ И пастирите нивни не ќе ги жалат. 6Зашто Јас веќе нема да ги жалам жителите од земјата, вели Господ; ете, ќе ги предадам луѓето, секого во рацете на неговиот ближен и во рацете на неговиот цар, и тие ќе ја пустошат земјата, а Јас нема да ги избавувам од рацете нивни.“ 7#Ез 34,15; Пс 23,4И зедов да ги пасам овците во земјата хананска, определени за клање, овци наменети за трговците. И зедов два стапа, едниот ќе го наречам – Благонаклонетост, а другиот – Сојуз; со нив ги пасев овците. 8И отфрлив тројца од пастирите во еден месец, а и овците ми одмилеа, па и јас ним. 9#Ис 9,19; Ер 15,2; 43,11; Откр 13,10Тогаш реков: „Нема повеќе да ве пасам; онаа што е за умирање, нека умре, и која загинува, нека загине; тие, пак, што ќе останат нека се изедат една со друга!“ 10#Ер 11,10И така го зедов стапот Свој Благонаклонетост и го скршив, за да го раскинам Сојузот што го склучив со сите народи. 11И тој беше уништен во оној ден, и тогаш разбраа трговците со овци, кои ме гледаа, дека ова е слово од Господ. 12#Мт 26,15И им реков: „Ако ви е угодно, дајте ми ја платата моја; ако, пак не – не давајте ми ја; и тие ми определија плата триесет сребреници.“ 13#2 Цар 12,11; 22,4; Мт; 27,5.9-10А Господ ми рече: „Фрли ги во црковната каса – тие големи пари со кои Ме оцени!“ И јас ги зедов тие триесет сребреници и ги фрлив во домот Господов. 14#Ер 3,18Го скршив и Својот друг стап – Сојуз, за да го раскинам братството меѓу Јуда и Израел. 15И ми рече Господ: „Земи си уште нешто од опремата на безвреден пастир. 16#Ер 23,1; Ез 34,2-4Зашто, ете, Јас ќе поставам еден безумен пастир во оваа земја, кој нема да се грижи за оние што загинуваат, нема да ги бара загубените и болните нема да ги лекува, здравите нема да ги храни, а месото од згоените ќе го јаде и копитата ќе им ги откинува.“ 17#Јов 17,7; Јн 10,12-13Тешко му на овој неодговорен пастир, што го остава стадото! Меч нека му ги исече раката негова и неговото десно око! Раката наполно нека му се исуши, и десното око негово наполно нека потемне!
Селектирано:
Захарија 11: MK2006
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006