Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Песна над песните 4:9-16

Песна над песните 4:9-16 MK2006

Ти го освои срцето мое, сестричке, невесто, го плени срцето мое со еден поглед на очите свои и само со една од веришките на вратот свој. О, колку е слатка љубовта твоја, сестричке, невесто! Послатка е љубовта твоја од вино, и пријатниот мирис од твоите масла е попријатен од сите ароми. Од устата твоја капе восочен мед, невесто, мед и млеко под јазикот твој, и мирисот на облеката твоја е како мирис леванонски! Затворена градина е мојата сестричка, невеста, извор затворен, кла­денец запечатен; твојот насад е градина од дрвја со вкусни плодови, кипар и нард, нард и шафран, трска и цимет со секакви миризливи дрвја, смирна и алој со најубави ароми, ти си градински извор, кладенец од жива вода, поток што тече од Ливан. Возљубената: Подигни се, ветре, од север, повеј и ти, ветре, од југ и повеј над градината моја, за да прострујат аромите нејзини! Нека дојде мојот воз­љубен во градината своја и нека касне од слатките пло­дови нејзини.