Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Песна над песните 2:1-13

Песна над песните 2:1-13 MK2006

Возљубената: Јас сум цвет во рамнината шаронска, крин цвеќе во долина! Возљубениот: Она што е кринот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу момите. Возљубената: Она што е јаболкницата меѓу шумските дрвја, тоа е мојот возљубен меѓу момците. Во сенката нејзина сакам да седам; плодовите неј­зини се слатки за грлото мое. Тој ме воведе во куќата за гозба, и знамето негово над мене беше љубов. Поткрепете ме со слатки од грозје, освежете ме со јаболка, зашто сум бол­на од љубов. Левата рака негова ми е под главата, а со десната ме прегрнува. Возљубениот: Ве заколнувам ќер­ки ерусалимски, во срните и во полските кошути: немојте да ја разбудувате и да ја вознемирувате возљубената, додека сама не посака. Возљубената: Гласот на мојот воз­љубен! Еве го: доаѓа, скока преку го­рите, прескокнува преку ридовите. Мојот возљубен прилега на срна, на млад елен. Ете, стои зад ѕидот наш, погледнува низ прозорецот, ѕирка низ решетката. Мојот возљубен се огласи и ми рече: „Стани, мила моја, убавице мо­ја, дојди! Еве, зимата веќе мина, дождот го снема, престана веќе, цвеќиња се појавија по земјата; настана време за песни, и гласот на гугут­ката се слуша во земјата наша; смоквите ги отворија пупките свои, и расцутените лози пријатно мирисаат. Стани, мила моја, убавице моја, и дојди!