Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Рута Вовед

Вовед
Книгата Рута со својата содржина нѐ враќа во времето кога судиите управуваа со народот на Израел. Составена е подоцна, но е особено тешко прецизно да се определи кога точно настанала.
Основната цел на ова дело е да се покаже како една жена туѓинка влегла меѓу Божјиот народ. Главниот акцент е ставен на примерот на приврзаноста на Моавката Рута кон семејството на нејзиниот маж, но и кон Израеловиот Бог, како и начинот на кој Бог ја наградува таа приврзаност. Неволјата во која запаѓаат двете жени, Рута и нејзината свекрва Ноемина, постепено се претвора во благосостојба. Делото е напишано со многу свежина и претставува трогателен пример за искрената приврзаност меѓу луѓето, од една страна, и постојаноста во верата кон Бога, од друга.
Раѓањето на синот на Рута е кулминациска точка на делото; се работи за идниот дедо на цар Давид. Припаѓајќи меѓу предците на Давид, истовремено Рута се вбројува и во Исусовото родословие (Мт 1,5).

Селектирано:

Рута Вовед: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се