Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 4:18-25

Римјаните 4:18-25 MK2006

Авраам, без никаква основа за на­деж, поверува со надеж дека ќе стане татко на многу народи, според рече­но­то: „Такво ќе биде твоето потомство.“ И откако не ослабна верата негова, тој не помисли дека телото негово е веќе безживотно, зашто беше речиси стогодишен, и дека утробата Сарина е речиси веќе безживотна; и во ветувањето Божјо не се посомнева со неверие, туку остана со цврста вера и Го прослави Бога, наполно уверен дека Тој е силен да го изврши она што го ветил. Затоа тоа му се сметаше за праведност. Но, не само за него е напишано де­ка му се сметаше, туку и за нас: ќе ни се смета, ако ве­руваме во Оној, Кој Го воскресна од мртвите Исус Христос, нашиот Господ, предаден за нашите гревови и вос­креснат за наше оправдание.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Римјаните 4:18-25