Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 15:5-13

Римјаните 15:5-13 MK2006

А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус, та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос. Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради славата Божја. Но велам дека Исус Христос стана служител на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците, а, пак, незнабошците да Го прос­ла­ват Бога за милосрдието, како што е на­пишано: „Затоа Те прославувам, Гос­по­ди, меѓу незнабошците и ќе Го воспеам Твоето име.“ И понатаму се вели: „Развеселете се, незнабошци, со Неговиот народ!“ И понатаму: „Фалете Го Господ сите незнабошци, и прославете Го, сите народи!“ Исаија, исто така вели: „Ќе постои коренот Јесеев и Издигнатиот од него ќе владее над народите; на Него ќе се надеваат народите.“ А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Римјаните 15:5-13