А и Бог на трпението и утехата да ви даде да бидете во едномислие меѓу себе, според примерот на Христос Исус, та еднодушно и со една уста да Го славите Бога и Отецот на нашиот Господ Исус Христос. Затоа примајте се еден со друг, како што и Христос ве прими, заради славата Божја. Но велам дека Исус Христос стана служител на обрезаните поради Божјата вистина, за да ги потврди ветувањата дадени на татковците, а, пак, незнабошците да Го прослават Бога за милосрдието, како што е напишано: „Затоа Те прославувам, Господи, меѓу незнабошците и ќе Го воспеам Твоето име.“ И понатаму се вели: „Развеселете се, незнабошци, со Неговиот народ!“ И понатаму: „Фалете Го Господ сите незнабошци, и прославете Го, сите народи!“ Исаија, исто така вели: „Ќе постои коренот Јесеев и Издигнатиот од него ќе владее над народите; на Него ќе се надеваат народите.“ А Бог на надежта нека ве исполни со сета радост и мир во верата, та преку силата на Светиот Дух вашата надеж да се преумножува.
Прочитај Римјаните 15
Слушај Римјаните 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 15:5-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа