Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 13:1-6

Римјаните 13:1-6 MK2006

Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, заш­то нема власт што не е дадена од Бога, и оние што ги има се одредени од Бога. Затоа, оној што се противи на власта, тој се противи на Божјата наредба. А оние, што се противат, ќе паднат под осуда. Зашто, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се плашиш од власта, тогаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа; зашто таа е служител Божји за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи таа не носи залудо оружје; таа е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло. Затоа е нужно да се покорувате, и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја. Затоа и данок плаќате, зашто тие се Божји службеници, и со тоа постојано се занимаваат.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност