Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 13:1-6

Римјаните 13:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, заш­то нема власт што не е дадена од Бога, и оние што ги има се одредени од Бога. Затоа, оној што се противи на власта, тој се противи на Божјата наредба. А оние, што се противат, ќе паднат под осуда. Зашто, началниците не се страшни за добрите дела, туку за лошите; сакаш ли, пак, да не се плашиш од власта, тогаш прави добри дела, па ќе добиеш и пофалба од неа; зашто таа е служител Божји за твое добро. Ако, пак, правиш зло, тогаш страхувај, бидејќи таа не носи залудо оружје; таа е служител Божји и со гнев се одмаздува на оној што прави зло. Затоа е нужно да се покорувате, и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја. Затоа и данок плаќате, зашто тие се Божји службеници, и со тоа постојано се занимаваат.

Римјаните 13:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Почитувајте ја државната власт. Секоја власт произлегува од Бога, па и државната власт е воспоставена од Бог. Оној што се противи на институцијата државна власт, се противи на уредба воспоставена од Бог и ќе биде казнет. Органите на власта не се закана за добрите, туку за лошите луѓе. За да не се плашите од властите, правете добро и тие ќе ве пофалат. Власта е во служба на Бог и нејзина должност е да работи за твое добро. Ако правиш зло - има причина да се плашиш, зашто ќе бидеш казнет! Власта е во служба на Бог и остро ги казнува оние што прават зло. Затоа, треба да ја почитуваш државната власт, не само за да не бидеш казнет, туку и да имаш чиста совест. Затоа треба да плаќате и даноци. Извршителите на власта се во служба на Бог и треба да бидат платени за она што го работат.