Љубовта нека не биде лицемерна; стојте настрана од злото, прилепувајте се кон доброто. Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. Во усрдноста да не сте колебливи; бидете со горлив дух; служете Му на Господ; радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани; помагајте им на светиите во нивните потреби; трудете се да бидете гостопримливи; благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги и не ги проколнувајте. Радувајте се со оние што се радуваат и плачете со оние што плачат! Бидете меѓу себе едномислени; не ставајте си во умот високи работи, туку предајте се кон скромни нешта; не мислете дека сте мудри; и никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.“ И така, ако непријателот твој е гладен, нахрани го; ако е жеден, напој го; зашто, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на главата негова. Не допуштај злото да те победи, туку победи го злото со добро.
Прочитај Римјаните 12
Слушај Римјаните 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 12:9-21
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа