Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Римјаните 12:9-21

Римјаните 12:9-21 MK2006

Љубовта нека не биде лицемерна; стојте настрана од злото, прилепувајте се кон доброто. Со својата братска љубов сакајте се срдечно едни со други; натпреварувајте се во почитувањето еден кон друг. Во усрдноста да не сте колебливи; бидете со горлив дух; служете Му на Господ; радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани; помагајте им на светиите во нивни­те потреби; трудете се да бидете госто­прим­ливи; благословувајте ги оние што ве го­нат; благословувајте ги и не ги проколнувајте. Радувајте се со оние што се радува­ат и плачете со оние што плачат! Бидете меѓу себе едномислени; не ставајте си во умот високи работи, туку предајте се кон скромни нешта; не мислете дека сте мудри; и никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.“ И така, ако непријателот твој е гла­ден, нахрани го; ако е жеден, напој го; зашто, правејќи го тоа, ти ќе му натрупаш жар на главата негова. Не допуштај злото да те победи, туку победи го злото со добро.

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Римјаните 12:9-21