радувајте се во надежта; во маката бидете трпеливи, а во молитвата постојани; помагајте им на светиите во нивните потреби; трудете се да бидете гостопримливи; благословувајте ги оние што ве гонат; благословувајте ги и не ги проколнувајте. Радувајте се со оние што се радуваат и плачете со оние што плачат! Бидете меѓу себе едномислени; не ставајте си во умот високи работи, туку предајте се кон скромни нешта; не мислете дека сте мудри; и никому не враќајте зло за зло, а размислувајте за тоа што е добро пред сите луѓе. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе. Не одмаздувајте се, возљубени, за себе, туку дајте му место на Божјиот гнев. Зашто е напишано: „Одмаздата е Моја, Јас ќе отплатувам – вели Господ.“
Прочитај Римјаните 12
Слушај Римјаните 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Римјаните 12:12-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа