Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 6:9-17

Откровение 6:9-17 MK2006

А кога го симна петтиот печат, под жртвеникот ги видов душите заклани заради словото Божјо и за сведоштвото, што го имаа и викаа со висок глас, велејќи: „До кога, Севишен, свети и вистинити, нема да судиш и да им се одмаздуваш за нашата крв на оние што живеат на земјата?“ И на секого од нив им се дадоа бели облеки, и им се рече да починат уште малку време, додека не се дополни бројот на нивните сотрудници и браќа, што ќе бидат убиени, како и тие. И видов, кога се крена шестиот печат. И, ете, настана голем земјотрес, и сонцето стана црно како вреќа од кострет, и месечината стана како крв; ѕвездите, пак, небесни паднаа на земјата, како што смоквата лулана од силен ветар, ги исфрла пупките свои; и небото исчезна како свиткана хартија, и секоја гора и секој остров се по­местија од местата свои; и царевите земни, и благородни­ци­те, и богатите, и војводите, и силните, и секој роб и слободен се скрија во пеш­те­ри и горски камењари, велејќи им на планините и на кар­пите: „Паднете врз нас и скријте нѐ од лицето на Оној Кој седи на престолот и од гневот на Јагнето, зашто дојде големиот ден на Неговиот гнев, и кој може да опстане?“