Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 5:1-10

Откровение 5:1-10 MK2006

И видов во десницата на Оној Кој седеше на престолот, книга на­пи­шана однатре и однадвор, запечатена со седум печати. И видов силен ангел што викаше со висок глас: „Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини?“ И никој не можеше ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа. И јас многу плачев, што никој не се најде достоен да ја отвори и да ја про­чи­та таа книга, ниту да ѕирне во неа. А еден од старешините ми рече: „Не плачи! Ете, Лавот, Кој е од Јудиното колено, Коренот Давидов, победи да ја отвори книгата и да ги скрши нејзините седум печати!“ Погледав, и ете, сред престолот и четирите животни и сред старешините стоеше Јагнето, како заклано, со седумте рога и седумте очи, кои се се­думте духови Божји, пратени по целиот свет. Тој дојде и ја зеде книгата од Оној, Кој седеше на престолот. И кога ја зеде книгата, четирите жи­вотни и дваесет и четирите Старешини паднаа пред Јагнето, држејќи секој од нив харфа и златни чаши, полни со темјан, кои се молитвите на светиите; и пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто Ти беше заклан и со Својата крв нѐ откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе, и нѐ направи пред нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваме на земјата!“