Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 19:1-10

Откровение 19:1-10 MK2006

Потоа чув висок глас како од многу народ на небото, кој ве­ле­ше: „Алилуја, спасение и слава, чест и сила на нашиот Бог, зашто пресудите Негови се вистинити и праведни; бидејќи Тој ја осуди го­лемата блудница која со своето блудство ја расипа земјата, и се одмазди за крвта на слугите Свои, што загинаа од раката нејзина.“ И повторно рекоа: „Алилуја! Димот нејзин ќе се издига во векови!“ Тогаш паднаа дваесет и четирите старешини и четирите животни, та Му се поклонија на Бога, Кој седеше на престолот велејќи: „Амин, алилуја!“ А од престолот излезе глас, кој ве­ле­ше: „Фалете Го нашиот Бог сите слуги Негови и вие, кои имате страхопочит кон Него, големи и мали!“ И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од сил­ни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Се­др­жителот! Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се при­готви! И ѝ се даде да се облече во чист и светол висон.“ А висонот е праведноста на светиите. И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ А ми рече уште: „Ова се вис­тински Божји зборови!“ И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; поклони Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!“