Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 16

16
Седумте чаши на Божјиот гнев
1 # 16,17; Ис 66,6; Ер 10,25; Ез 22,31; Соф 3,8; Пс 69,24 И чув од храмот висок глас како им вели на седумте ангели: „Одете, излејте ги седумте чаши со гне­вот Божји на земјата!“ 2#14,9.11; 2 Мојс 9,10; 5 Мојс 28,35И отиде првиот ангел и ја излеа ча­шата своја на земјата; и по луѓето, што го имаа белегот на ѕверот и се поклонуваа на неговата биста, се појавија лоши и лути рани. 3#8,8И вториот ангел ја излеа чашата своја во морето: и тоа стана како крв од убиен човек; и сѐ живо изгина во морето. 4#2 Мојс 7,19-24; Пс 78,44Третиот ангел ја излеа чашата своја во реките и во изворите водни, и тие се претворија во крв. 5#5 Мојс 32,4; Пс 119,137; 145,17Потоа го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, Кој беше, Свет си, зашто така пресуди, 6#18,24; Ис 49,26; Пс 79,3; Мт 23,35бидејќи тие пролеаја крв на светии и пророци, и Ти им даде да пијат крв – за­служуваат!“ 7#1,8; 6,9; 8,3-4; 19,2; Пс 19,8-9; 119,137И чув друг како зборува од жрт­ве­никот: „Да, Господи Боже Седржителе, вистинити и праведни се Твоите пресуди!“ 8Четвртиот ангел ја излеа чашата своја врз сонцето; и му се даде да ги жари луѓето со оган. 9#9,20И силна жега ги опфати луѓето, и го похулија името на Бога Кој има власт над тие зла, и не се покајаа да Му оддадат слава. 10#2 Мојс 10,21; Ис 8,21-22Петтиот ангел ја излеа чашата сво­ја врз престолот на ѕверот; и царството негово се помрачи и луѓето ги гризеа ја­зиците свои од болка 11#9,20-21и Го проколнуваа небесниот Бог по­ради болките и раните свои, но не се покајаа за делата свои. 12#9,14; Ис 11,15; 44,27; Ер 50,38; 51,36Шестиот ангел ја излеа чашата сво­ја во големата река Еуфрат; и пресуши водата нејзина за да се приготви патот за царевите од сончевиот исток. 13И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лаж­ниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби; 14#1,8; 19,19зашто тоа се ѓаволски духови кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бог Седржителот. 15#1 Сол 5,2; 2 Птр 3,10„Ете, Јас доаѓам како крадец; бла­жен е оној кој бдее и пази на алиштата свои за да не оди гол и да не се гледа срамот негов!“ 16#Суд 5,19; 2 Цар 9,27; 23,29; Зах 12,11И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон. 17#Ис 66,6Седмиот ангел ја изли чашата своја на воздухот; и од престолот на небес­ни­от храм се пронесе силен глас кој извика: „Се сврши!“ 18#4,5; 11,19; Дан 12,1; Мк 13,19И имаше светкавици, громови и гласови, и стана силен земјотрес, таков голем и силен потрес, каков што немало откако има луѓе на земјата. 19#14,10Големиот град се раздели на три де­ла, и градовите на незнабошците паднаа; а великиот Вавилон се спомна пред Бога за да му се даде чашата со вино од јароста на Неговиот гнев. 20#6,14; 20,11Сите острови исчезнаа, и гори веќе не се гледаа. 21#11,19И град, голем како талант#16,21 Околу 45 килограми., падна од небото на луѓето; а луѓето Го про­колнуваа Бога поради злото од градот, зашто тоа зло беше многу големо.

Селектирано:

Откровение 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се