Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 15:1-4

Откровение 15:1-4 MK2006

И видов друг знак на небото, голем и чуден: седум ангели што ги држеа седумте последни казни, заш­то со нив ќе се заврши Божјиот гнев. И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; и оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји. И ја пееја песната на Мојсеј, Бож­ји­от слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи и чудесни се делата Твои, Гос­поди Боже Седржителе! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите! Кој нема да се уплаши од Тебе, Гос­поди, и не ќе го прослави името Твое? Зашто само Ти си свет; зашто сите на­роди ќе дојдат и ќе се поклонат пред Те­бе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови!“