И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сонце; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина – венец од дванаесет ѕвезди. Таа беше бремена и викаше од породилни болки, и се мачеше да роди. Потоа се јави друг знак на небото. Ете, голем црвен змев со седум глави и десет рогови, а на главите негови седум круни; опашката негова повлече една третина од небеските ѕвезди и ги фрли на земјата. Змевот застана пред жената, која сакаше да роди, та, кога ќе роди, да го изеде детето нејзино. И таа роди машко дете, кое ќе ги пасе сите народи со железен жезол; и детето нејзино беше грабнато и однесено кај Бога и Неговиот престол. А жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена.
Прочитај Откровение 12
Слушај Откровение 12
Сподели
Спореди ги сите верзии: Откровение 12:1-6
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа