Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 92:1-15

Псалми 92:1-15 MK2006

Добро е да се слави Господ и да Му се пее на името Твое, Севишен, да се возвестува наутро милоста Твоја, и секоја ноќ – Твојата верност, на десетострунена харфа и на лира. Зашто Ти ме развесели, Господи, со Твоите дела, на делата на Твоите раце им се радувам. Колку се големи делата Твои, Гос­поди! Многу се длабоки Твоите помисли! Безумниот човек не ќе може да ги узнае, неразумниот нема да го разбере ова: дури грешниците и да никнуваат ка­ко трева, и кренат глава оние што вр­шат беззаконие, тоа е за да бидат истре­бени засекогаш, Ти си, Господи, Севишен секогаш! Зашто, еве, непријателите Твои, Господи, ќе пропаднат и ќе се растураат сите што вршат беззаконие; а мојот рог Ти го вознесуваш како рог на еднорогот, и ме помазуваш со чисто масло. Моите очи го видоа падот на непријателите мои, и ушите мои го слушнаа тресокот на побунетите против мене злосторници. Праведниот цути како палма, се издига како кедар леванонски. Тие се засадени во домот Госпо­дов, ќе цутат во дворовите на нашиот Бог; тие и во староста ќе бидат плодни, сочни и полни со свежина, за да возвестуваат дека е праведен Господ, мојата Карпа во Која нема неправедност.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност