Кој живее под закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на небесниот Бог. И ќе Му рече на Господ: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам! Зашто Тој ќе те избави од стапицата на ловецот, и од чумата погубна. Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност: Неговата верност е штит и одбрана. Нема да се уплашиш од ноќен страв, ни од стрела што лета дење, од чумата што пустоши во темнина, од зараза што опустошува напладне. Покрај тебе ќе паднат илјада, и десет илјади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат; само ќе гледаш со очите свои и ќе ја гледаш казната на нечестивите. Зашто, Господ ти е засолниште, надеж моја, Севишниот го избра за свое прибежиште; зло нема да ти се случи, и неволја нема да се приближи до шаторот твој; затоа што ќе им заповеда на ангелите Свои за тебе, да те чуваат на сите патишта твои. Ќе те понесат на раце, да не ја сопнеш од камен ногата своја; на отровница и на змија ќе нагазуваш, лав и змеј ќе згазуваш. „Бидејќи се надеваше во Мене, и ќе го избавам, и ќе го заштитам, зашто го позна името Мое. Ќе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него ќе сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам, ќе му дадам многу денови и ќе му го јавам спасението од Мене.“
Прочитај Псалми 91
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 91:1-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа