Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 81:1-10

Псалми 81:1-10 MK2006

Радувајте се во Бога, нашата Сила, воскликнете кон Бога Јаковов; запејте песна, удрете во тимпан, на милозвучна лира со харфа; затрубете со труба во новомесечје, во определено време, во денот на ваши­от празник, зашто тоа е закон за Израел, на­редба од Бог Јаковов. Тој го установи тоа како сведош­тво за Јосиф, кога тој излезе од египетската земја, каде што чу јазик што не го знаеше: „Јас го симнав товарот од рамени­ците негови, и му ги ослободив рацете негови од кошницата. Во маката своја ти Ме повика, и Јас те избавив; при гром те чув, кај водите на Мерива те испитав. Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти посведочам, ако Ме послушаш, Израеле! Да немаш друг бог и да не му се поклонуваш на друг земен бог! Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од египетската земја; отвори ја устата своја, и Јас ќе ја наполнам.