Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 79:1-9

Псалми 79:1-9 MK2006

Боже, незнабошците дојдоа во Твое­то наследство, го осквернија светиот Твој храм, Ерусалим го претво­рија во урнатини. Мртвите тела на Твоите слуги им ги дадоа како храна на птиците небески, а телата на Твоите светии – на земните ѕверови; ја пролија нивната крв како вода околу Ерусалим, и немаше кој да ги погребе. Станавме за потсмев на соседите на­ши, срам и подбив за оние што се околу нас. До кога, Господи, ќе се разгневуваш постојано, до кога ќе гори љубомората Твоја како оган? Излеј го гневот Свој врз народите што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го призиваат името Твое, зашто тие го испојадоа Јакова и мес­тото негово го опустошија. Не спомнувај ги нашите поранеш­ни беззаконија, туку побрзај да нѐ пре­сретнеш со Својата милосрдност, зашто многу сме понижени. Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави нѐ и очисти нѐ од гревовите наши заради името Твое!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со Псалми 79:1-9

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност