Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 78:1-8

Псалми 78:1-8 MK2006

Слушни ги народе мој поуките мои, нека чуе увото ваше што зборува устата моја. Ја отворам устата своја со парабола и ќе зборувам за непознатите работи од старо време, работи што ги чувме и дознавме и што ни раскажуваа татковците наши, нема да ги криеме од нивните деца, на идниот род ќе му раска­жуваме за славата на Господ и силата Негова, и чудесата Негови што Тој ги изврши. Тој подигна сведоштво во Јаков и положи закон во Израел, и им заповеда на татковците наши сето тоа да им го објават на децата свои, за да знае идниот род, децата, што ќе се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца, да ги полагаат надежите свои во Бога, да не ги забораваат делата Бож­ји, да ги чуваат Неговите заповеди и да не бидат како татковците нивни – род тврдоглав и бунтовен, непостојан по срце и не Му остана верен на Бога со духот свој.