Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ќе го затвори Своето милосрдие? Па си реков: „Ова е мојата болка: десницата на Севишниот се изменила.“ Ќе си спомнам за делата на Господ; ќе се потсетам на дамнешните чудесни дела; ќе ги разгледувам сите Твои дела и ќе мислам на Твоите моќни дела. Боже, Твојот пат е свет. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!?
Прочитај Псалми 77
Сподели
Спореди ги сите верзии: Псалми 77:9-13
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа