Псалми 77:9-13
Псалми 77:9-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ќе го затвори Своето милосрдие? Па си реков: „Ова е мојата болка: десницата на Севишниот се изменила.“ Ќе си спомнам за делата на Господ; ќе се потсетам на дамнешните чудесни дела; ќе ги разгледувам сите Твои дела и ќе мислам на Твоите моќни дела. Боже, Твојот пат е свет. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!?
Сподели
Прочитај Псалми 77Псалми 77:9-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Заборави ли Бог да биде благодатен, или гневен ја затвори Својата милост?“ И говорам: „Ова е мојата болка: се измени десницата на Сѐвишниот.“ Си спомнувам за Господовите дела, се сеќавам за Твоите древни чудеса. Ги набљудувам сите Твои дела, го разгледувам она што го направи. О Боже, свет е Твојот пат; кој бог е толку голем како нашиот Бог?
Сподели
Прочитај Псалми 77