Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 75:1-10

Псалми 75:1-10 MK2006

Те фалиме Тебе, Боже, Те фали­ме, името Твое е близу. Луѓето ги разгласуваат твоите чудесни дела! Кога ќе дојде време, ќе судам според правда. Кога се заниша Земјата и сите, што живеат на неа, Јас ги зацврстив столбовите нејзини. Им велам на дрските: не бидете дрски! И на грешниците: не дигајте рог, не кревајте го високо вашиот рог, не говорете дрско, зашто издигањето не доаѓа ни од исток, ни од запад, ниту, пак, од пус­тината; но Бог е судија: едни унижува, а други возвисува. Зашто чашата е во раката на Гос­под, со вино пенливо, промешано, Тој налева од неа и до талог ќе го испијат сите грешници на земјата! Јас, пак, вечно ќе се радувам, ќе Му пеам на Јакововиот Бог, ќе им ги скршам роговите на сите грешници, а рогот на праведните ќе се возвиси.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност