Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 72

72
ПСАЛМ 72
Похвала за големиот Цар и Неговото владеење
1 # 89,14; Ер 23,5 Боже, дај му го на царот Својот пра­веден суд, а на царевиот син – Својата праведност, 2за да им суди со праведност на Твои­те луѓе и на сиромасите Твои со праведен суд. 3#Ис 45,8; 52,5; 55,11; Соф 2,3Горите нека им донесат мир на луѓето, и ритчињата – праведност. 4Нека ги брани бедните меѓу луѓето, нека ги спаси синовите на сиромасите, а угнетувачот нека го понизи. 5#61,7; 89,37; 2 Сам 7,13-14; Ер 31,35; 33,20Нека живее, додека постои сонцето и месечината – од род во род. 6#Ис 45,8; Ос 6,3Нека биде како дожд на ливада, како капки што наросуваат земја. 7#37,11Во Негово време нека се зацари правда, и нека има изобилен мир сѐ до­дека не ја снема месечината. 8#Зах 9,10И нека владее од море до море и од Реката до краиштата на Земјата. 9Пред Него нека паднат на колена жителите на пустината, и непријатели­те Негови нека ја лижат прашината; 10#1 Цар 10,1царевите на Тарсис и островјаните дарови нека му принесуваат; и царевите на Сава и Сева дарови нека му донесуваат. 11И нека Му се поклонуваат сите цареви; нека Му служат сите народи; 12#Јов 29,12зашто Тој избави беден кога вика и сиромав и беспомошен. 13Ќе го поштеди бедниот и сиромавиот и ќе го спаси животот на сиро­масите; 14#116,15од угнетувања и насилства ќе ги избави душите нивни, бидејќи е скапо­цена нивната крв пред очите Негови. 15Нека поживее, па ќе Му даваат арабиско злато; и нека Му се молат непрес­тајно, секој ден нека Го благословуваат; 16#Ос 14,6-9; Амос 9,13Нека има на земјата жито во изобилство, до врвовите на горите; плодот Негов ќе се издига над Ливан, а во градовите луѓето нека се размножуваат како тревата по земјата, 17#1 Мојс 12,3Неговото име нека биде вечно: нека Му трае славата сѐ додека постои Сон­цето; и во Него нека бидат благосло­вени сите земни племиња, а и сите на­роди нека Го сметаат за блажен. 18Нека е благословен Господ Бог, Бог Израелов, Кој единствен прави чудеса; 19#Авак 3,3и нека е благословено Неговото славно име довека, и со славата Негова нека се исполни целата Земја! Амин и амин! 20Завршија молитвите на Давид, Је­сеевиот син.

Селектирано:

Псалми 72: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се