Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Псалми 71

71
ПСАЛМ 71
Молитва за милост Божја во староста
1 # 25,2; 31,1-3 Кај Тебе Господи, се засолнувам, не допуштај да бидам посрамен никогаш! 2Избави ме поради праведноста Своја и спаси ме; приклони го увото Свое кон мене и спаси ме. 3Биди ми карпа за мое прибе­жиште, изведи ме на место сигурно – зашто Ти си моја крепост и мое прибежиште. 4#140,1Боже мој, избави ме од рацете на грешникот, од рацете на престапникот и насилникот, 5зашто Ти си моја надеж, Господи, моја верба од младоста моја. 6#22,9; Ер 17,14За Тебе цврсто се држам од раѓа­њето мое; Ти си мој покровител од мај­чината ми утроба; за Тебе вечно ќе пеам. 7#31,11; Ис 52,14; Ез 12,6.11; 24,24.27За многумина бев како некое чудо, но Ти си мојот силен помошник. 8Полна ми е устата со похвала, и со песна ја величам славата Твоја; и цел ден да пеам за Твоето велелепие. 9#22,11.19Не отфрлај ме на старост, кога ќе почне силата моја да исчезнува, не напуштај ме, 10зашто непријателите мои зборуваат против мене; и оние, кои ја демнат ду­шата моја, се договараат меѓу себе, 11#3,2; 22,8; 69,26велејќи: „Го остави Бог; гонете го и фатете го, зашто нема кој да го избави.“ 12#22,11; 38,22; 40,13; 70,1Боже мој, не оддалечувај се од ме­не; Боже мој, побрзај ми на помош! 13#35,4; 40,14Да се посрамат и да исчезнат оние што ја клеветат душата моја; да поцрвенат и се засрамат оние, што ми сакаат зло. 14Јас, пак, секогаш ќе се надевам во Тебе и ќе Те славам сѐ повеќе. 15#40,5; 139,17-18Устата моја ќе разгласува за Твоите праведни дела, и секој ден за делата на спасението од Тебе, зашто не им го знам бројот. 16Ќе влезам славејќи ги моќните дела на Господ Бог; ќе ја величам Твојата праведност – само Твојата. 17#129,1-2; Ис 46,3-4; Ер 2,2; Ос 2,17Боже, Ти ме поучуваше од младоста моја, и јас сѐ досега ги објавувам чудесата Твои. 18#22,30И во староста, кога ќе обелам, Бо­же, не напуштај ме, за да ја објавувам мишката Твоја, силата Твоја и правдата Твоја на сегашниот род и на идниот, 19силата Твоја и правдата Твоја, Бо­же, досега дури до вишното небо, преку која изврши големи дела, Боже. Кој е сличен на Тебе? 20Колку големи и тешки маки ми прати, но Ти пак ќе ме оживееш, и пак ќе ме изведеш од земните дла­бочини. 21Ќе ми го зголемиш достоинството и пак ќе ме утешиш. 22#92,3И јас ќе ја славам на харфа Твојата верност, Боже мој; ќе Те воспевам на лира, Светецу Израелов! 23Ќе се радува устата моја, кога ќе Ти пеам, и душата моја, која си ја избавил. 24#35,26И јазикот мој секогаш ќе зборува за Твојата правда, кога ќе поцрвенеат и ќе се засрамат оние, кои ми пожелуваа зло.

Селектирано:

Псалми 71: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност